• сабота, 23 ноември 2024

Медиуми: ЕУ ќе ги прошири санкциите за војската на Мјанмар

Медиуми: ЕУ ќе ги прошири санкциите за војската на Мјанмар
Брисел, 8 март 2021 (МИА) - Европската унија се подготвува да ги прошири своите санкции за вооружените сили на Мјанмар со цел да се погодат бизниси што ги поседуваат, како знак на протест против воениот удар од 1 февруари, јавија западни медиуми, повикувајќи се на два интерни документа во кои имале увид. Мерките, за кои дипломатите изјавија дека можат да бидат договорени од страна на министрите за надворешни работи на ЕУ, на 22 март, ќе бидат насочени кон компании „што создаваат приход или им обезбедуваат финансиска поддршка на вооружените сили на Мјанмар“, се вели во еден од документите со датум од 5 март. Досега Унијата воведе ембарго за вооружување кон Мјанмар и иницираше санкции за одредени воени лица, но западните медиуми оценуваат дека најавените мерки ќе бидат досега најзначјниот одговор на пучот. Дипломатите на ЕУ велат дека најверојатно цел ќе бидат делови од воени конгломерати, Мјанмар Економски Холдингс Лимитед (МЕХЛ) и Мјанмарската Економска Корпорација (МЕЦ), што им забранува на инвеститорите од ЕУ и банките да имаат деловни активности со нив. Конгломератите се шират низ целата економија, од рударството и производството до храна и пијалоци до хотели, телекомуникации и банкарство. Тие се рангирани меѓу најголемите даночни обврзници во земјата и бараа партнерства со странски компании откако Мјанмар се отвори за време на демократската либерализација. ссм/зш/  

Остани поврзан