• понеделник, 17 март 2025

Медиумите да бидат особено внимателни во известувањето во врска со трагедијата во дискотека во Кочани

Медиумите да бидат особено внимателни во известувањето во врска со трагедијата во дискотека во Кочани

Скопје, 16 март 2025 (МИА) - Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува длабоко жалење во врска со трагедијата во дискотека во Кочани и ги повикува медиумите да бидат особено внимателни во известувањето со цел да се почитува достоинството на жртвите и да не се предизвикува дополнителна болка на нивните семејства.

Од ААВМУ, исто така, посочувата дека медиумите треба да ја прилагодат севкупната програма/објави и да емитуваат/објавуваат содржини соодветни на ваков настан. Информациите коишто ќе бидат објавени мора да точни и проверени, а доколку не можат да се потврдат или станува збор за претпоставка тоа треба да биде јасно кажано

- Медиумите мора најодговорно да водат сметка за рамнотежата помеѓу правото на јавноста да биде информирана и за личната болка и жалост и да избегнуваат да објавуваат експлицитни сцени/фотографии/видеа од настанот, односно стриктно да ги почитуваат професиоалните и етички стандарди. При евентуално објавување на сензитивни содржини тие треба да бидат означени со соодветно визуелно и /или акустично предупредување, се вели во соопштението од ААВМУ. аа/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан