• понеделник, 23 декември 2024

Медведев се согласи да игра под неутрално знаме на ОИ во Париз

Медведев се согласи да игра под неутрално знаме на ОИ во Париз

 

Лондон, 7 март 2024 (МИА) – Рускиот тенисер Данил Медведев изјави денеска оти е подготвен да настапи на Олимписките игри ова лето во Париз под неутрално знаме, пренесува ЕСПН.

Меѓународната тениска федерација (ИТФ) им дозволи вчера на играчите од Русија и Белорусија да учествуваат на Игрите во Париз под неутрален статус.

Медведев рече дека се радува на настап на олимпискиот турнир, откако на Игрите во Токио дојде до четвртфиналето.

„Ако можам, ќе бидам во Париз. Ќе играм и во поединечна конкуренција и во парови. Имам неверојатно искуство од Игрите во Токио. Тоа веројатно ми е најдобриот спомен во кариерата. Ако е потребно да играм под неутрален статус, тогаш ќе играм. Ќе се обидам да победам, тоа е сигурно“, рече Медведев на прес – конференција во Индијан Велс. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан