• понеделник, 22 јули 2024

Медведев го спореди својот настап во Ролан Гарос со љубовна приказна

Медведев го спореди својот настап во Ролан Гарос со љубовна приказна
Париз, 9 јуни 2021 (МИА) - Рускиот тенисер Данил Медведев објави пост на Инстаграм за неговото заминување од Ролан Гарос. - Беше како љубовна приказна. До следната година, Ролан Гарос, напиша Медведев. Ноќеска Медведев загуби од Гркот Стефанос Циципас (3:6, 6:7 и 5:7) во четвртфиналето на Грен слемот во Париз. За 25-годишниот Русин овој перформанс беше најдобар во кариерата на Грен слем турнирот на земјен терен. Пред тоа, Медведев никогаш не беше во можност да го надмине првиот круг на Ролан Гарос. зс/

Остани поврзан