• петок, 04 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Мегваер: И да ја освоиме Лигата на Европа, оваа сезона сепак ќе биде разочарување за нас

Мегваер: И да ја освоиме Лигата на Европа, оваа сезона сепак ќе биде разочарување за нас

Манчестер, 17 април 2025 (МИА) - Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер ги сподели своите очекувања за реваншот од четвртфиналето на Лига Европа против Лион.

- Можам со сигурност да кажам дека дури и да ја освоиме Лигата на Европа, оваа сезона сепак ќе биде разочарување за нас. Сепак, таквата победа би била пријатен бонус. Кога играте за Јунајтед, мора да освојувате трофеи. Освојувањето на Лигата на Европа би било двојно слатко, како што би не однесе во следното издание на Лигата на шампионите, изјави Мегваер.

Натпреварот Манчестер јунајтед – Лион ќе се одигра вечер со почеток во 21 часот.

Првиот натпревар одигран во Франција заврши нерешено 2:2. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан