• петок, 08 ноември 2024

МВР: Станари без повреди евакуирани од пожарот во Чаир, неколку лица побарале медицинска помош

МВР: Станари без повреди евакуирани од пожарот во Чаир, неколку лица побарале медицинска помош

Скопје, 2 септември 2024 (МИА) – Поради вдишување на чад од пожарот во Чаир до 06:30 часот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување помош се јавиле неколку лица, од кои еден пожарникар и еден полициски службеник, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму дополнуваат дека во 06.30 часот од кровот на зградата биле симнати повеќе станари и ниту еден нив немал повреди. 

- На 02.10.2024 во 01:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во подрумски простории во зграда на улица „Серава“ во Скопје. На лице место упатена е екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје и полициски службеници од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во соопштението на МВР.

Од Центарот за управување со кризи претходно информираа дека интервенцијата се извршувала со седум возила и 20 пожарникари. 

- На лице место освен единици од БППЗ кои го гасат пожарот биле и полиција и Итна медицинска помош. Според утринскиот службен извештај од БППЗ, еден пожарникар бил однесен на токсикологија поради големо количество вдишан чад, стои во соопштението од ЦУК.

Дополнуваат дека во тек е интервенција за евакуација на станарите на зградата каде што е магацинот, а каде што потоа гореле и дуќани. 

  • БППЗ на Град Скопје сѐ уште интервенира ги извлекува станарите, во моментот на информирањево, и по интервенцијата ќе излезе со официјални податоци, дополнија утрово од ЦУК. ар/ац/
  • Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан