МВР: Приведен бегалец од затвор
- Струмичката полиција синоќа околу 21.15 часот во село Банско, струмичко, го лишила од слобода И.Р.(52) од село Банско, кој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Штип.
Скопје, 13 ноември 2024 (МИА) - Струмичката полиција синоќа околу 21.15 часот во село Банско, струмичко, го лишила од слобода И.Р.(52) од село Банско, кој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Штип.
Како што информираат денеска од МВР, И.П. е осуден на затворска казна во траење од пет години и пет месеци за сторено кривично дело „трговија со луѓе“, а имал за доиздржување три години и четири месеци. Лицето било спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Штип. сст/мд/
фото МИА архива