• недела, 08 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

МВР: Приведени тројца разбојници во Скопје

МВР: Приведени тројца разбојници во Скопје

Скопје, 17 април 2025 (МИА) - Скопската полиција синоќа лишила од слобода три лица кои се сомничат дека со закана одзеле пари од малолетници.

-На 16 април 2025 околу 23.30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.А.(19) од село Кондово, скопско, М.И.(22) и Р.Ф.(20), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека околу 22.25 часот на автобуска постојка на подрачјето на Бит Пазар со закана одзеле пари од пет малолетници од село Кучевиште, скопско, а откако го напуштиле местото пресретнале други двајца малолетници од скопските села Идризово и Трубарево, информираат денеска од МВР.

Оттаму додаваат дека по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по брза постапка. сст/са/

Фото МИА архива

Остани поврзан