МВР: Приведени двајца криминалци во Прилеп, пронајдени два пиштола
- Прилепската полиција денеска на ул.„Борка Талески” во Прилеп ги лишила од слобода С.Р.(27) и Д.Д.(33), двајцата од Прилеп, постапувајќи по претходна пријава дека во текот на денот со пиштол и се заканувале на 35 – годишна прилепчанка пред продажниот објект каде што била вработена, соопшти МВР.

Скопје, 17 јуни 2024 (МИА) - Прилепската полиција денеска на ул.„Борка Талески” во Прилеп ги лишила од слобода С.Р.(27) и Д.Д.(33), двајцата од Прилеп, постапувајќи по претходна пријава дека во текот на денот со пиштол и се заканувале на 35 – годишна прилепчанка пред продажниот објект каде што била вработена, соопшти МВР.
Кај нив биле пронајдени и одземени два пиштоли.
Исто така, С.Р. бил баран и по потерница поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Прилеп и напад со остар предмет на чувар во затворот во април оваа година. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. сст/нд/