• петок, 05 декември 2025

Уапсен крадец од струмичко, при приведувањето со пушка им се заканувал на полицајците

Уапсен крадец од струмичко, при приведувањето со пушка им се заканувал на полицајците

Скопје, 8 јули 2025 (МИА) - Битолската полиција вчера го лишила од слобода Г.П.(28) од село Ангелци, струмичко кого две лица го пријавиле во полиција под сомнение дека е можен извршител на кражби. Откако бил пријавен тој им се заканувал и пукал со пушка кон пријавителите, а потоа и кон полицијата која дошла да го приведе. Кога полицајците се обиделе да го совладаат тој се обидел да му го одземе службениот пиштол на едниот полицаец, но не успеал во намерата, по што се обидел со пушката да пука кон него. На тоа возвратил полицискиот службеник и истрелал два куршуми кон Г.П., при што му нанел лесна телесна повреда.

Со возило на Итна медицинска помош Битола, Г.П. бил пренесен во Клиничка болница Битола за укажување помош, а потоа е приведен во Полициската станица Битола.

-Имено, истиот ден во 15.00 часот Т.Р. (22) од село Долно Српци во СВР Битола пријавил дека во село Долно Српци тој и неговите другари забележале непознато лице со патничко моторно возило „форд” без регистарски ознаки, за кој се сомневале дека е можен извршител на кражби. Потоа лицето излегло од возилото, извадило пушка од багажникот и пукало кон пријавителот и другарите, но не ги погодил. Од страна на полициски службеници од СВР Битола, веднаш по добиената пријава биле преземани мерки и активности за пронаоѓање на лицето, при што во нива во село Долно Српци е пронајдено возилото, а во нива во село Вашарејца, општина Могила, е пронајден и сторителот за кој е утврдено дека е Г.П., појаснуваат одМВР.

Полициските службеници му издале наредба да ја фрли пушката, но тој не постапил по наредбата туку ја вперил пушката наизменично кон двајца полициски службеници, по што тие предупредувачки истрелале неколку куршуми во воздух.

-При преземањето мерки за совладување на Г.П., тој се обидел да му го одземе службениот пиштол на едниот полициски службеник, но не успеал во намерата, по што се обидел со пушката да пука кон полицискиот службеник. На тоа возвратил полицискиот службеник и истрелал два куршуми кон Г.П., при што му нанел лесна телесна повреда. Со возило на Итна медицинска помош Битола, Г.П. бил пренесен во Клиничка болница Битола за укажување помош, а потоа е приведен во Полициската станица Битола, се вели во соопштението од МВР.

По насока на јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на настанот. сст/са/

Фото МИА архива

Остани поврзан