• среда, 27 ноември 2024

МВР: Лажни дојави за бомби во Кочани, протоколите ја гарантираат безбедноста на училиштата

МВР: Лажни дојави за бомби во Кочани, протоколите ја гарантираат безбедноста на училиштата

Скопје, 15 декември 2023 (МИА) – МВР информира дека денешните дојави за поставени експлозивни направи во училишта во Кочани, се лажни. Од МВР апелираме до родителите да не се вознемируваат, училиштата се безбедни.

Од Министерството ја известуваат јавноста дека протоколите за проверки и безбедност на училиштата функционираат и веднаш се преземаат соодветни мерки доколку се појават дојави за наводно поставени експлозивни направи.

-Потсетуваме дека раководствата на училиштата имаат обврска да ги следат и имплементираат мерките на Владата односно насоките од Министерството за образование во целост и на тој начин да ја засилат безбедноста на училиштата и гарантираат непречена настава на учениците, велат од МВР.

Веднаш по добиените пријави, денеска полицијата ги направила сите потребни проверки и во врска со пријавите од училишта во Кочани, по добиените пораки на електронските адреси во Кочани и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, велат од полицијата. ир/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан