МВР: Кривична пријава за уцена
- Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.А.(32) од село Норово, крушевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уц
![МВР: Кривична пријава за уцена](https://mia.mk/index.php/images/20221113180011_big_730x400_98.webp )
Скопје, 12 јули 2022 (МИА) - Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.А.(32) од село Норово, крушевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“.
-Во период од неколку месеци, пријавениот, преку лажни профили на социјални мрежи, испраќал пораки со непристојна содржина и уценувал 25-годишна девојка од гостиварско дека доколку не биде со него, ќе објави фотографии со компромитирачка содржина, се наведува соопштението од МВР. дма/