• среда, 27 ноември 2024

МВР и Државниот инспекторат за труд потпишаа Меморандум за посуштинско координирано постапување во сузбивањето на трговија со луѓе

МВР и Државниот инспекторат за труд потпишаа Меморандум за посуштинско координирано постапување во сузбивањето на трговија со луѓе

Скопје, 16 март 2023 (МИА) - Меморандум за меѓуинституционална соработка во откривањето на кривичните дела поврзани со трговија со луѓе и трудова експлоатација и упатување на потенцијалните жртви на овој криминал, потпишаа денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорката на Државниот инспекторат за труд, Весна Томовска.  

Меморандумот е резултат на потребата за посуштинско координирано постапување на институциите во борбата против организираниот криминал, со уверување дека непосредната соработка ќе придонесе кон поефикасно истражување и гонење на сторителите на кривични дела од областа на организираниот криминал и кон подобрување на првичната идентификација, упатување и заштита на жртвите на трудова експлоатација.  
 
Министерот за вантрешни работи Оливер Спасовски истакна дека главен фокус на Меморандумот е зајакнување на соработката и меѓусебна размена на информации, координирање на активностите, организирање и спроведување на заеднички надзор-контрола во насока на воспоставување прецизна и тесна соработка помеѓу полициските службеници и трудовите инспектори.
 
-Убеден сум дека овој Меморандум ќе придонесе за зголемување на бројот на препознаени лица и прелиминарна идентификација на потенцијалните жртви и ќе влијае во зајакнувањето на соработката во спречувањето, откривање и сузбивање на трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација, како и обезбедување на навремена нивна заштита, рече министерот Спасовски.
Томовска, посочи дека Државниот инспекторат за труд, има голема улога во детектирањето и откривањето на потенцијалните жртви на трговија со луѓе.-Потпишувањето на Меморандумот за соработка со Министерството за внатрешни работи ќе ги зајакне капацитетите за борба против трговијата со луѓе, ќе придонесе кон поефикасно сузбивање на овој криминалитет и ќе овозможи полесна идентификација и заштита на жртвите на трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација преку заедничко планирање, координација, заеднички надзори и континуирана едукација, истакна Томовска.Министерот Спасовски изрази уверување дека овој меморандум ќе придонесе за зголемување на бројот на препознаени лица и прелиминарна идентификација на потенцијални жртви и ќе влијае во зајакнувањето на соработката во спречување, откривање и сузбивање на трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација, како и обезбедување на навремена нивна заштита.
 
Република Северна Македонија, според Магдалена Несторовска  национална координаторка за борба против трговија со луѓе, со години наназад е земја на потекло, транзит и дестинација на жртви на трговија со луѓе и во однос на експлоатацијата во последните пет години доминантни форми на експлоатација во најголем процент со 52 отсто е трудовата експлоатација, понатаму присилните бракови со 20 проценти, сексуланата експлоатација со 18 проценти, но не се изоставени и останатите форми кои се застапени во помал број. Од 2018 до 2-23 година идентификувани се 79 жртви на трговија со луѓе од кои 28 се деца, и во најголем број, односно 52 проценти се жени. 
 
-Нашата држава е подготвена за соработка и има воспоставени одлични меѓуинституционални односи и капацитети да ги исполни меѓународните обврски и пред се да им обезбеди помош и поддршка на жртвите на трговија со луѓе, рече Несторовска.
 
Моника Петровичи од Советот на Европа истакна дека согласно Вториот Мониторинг извештај на ГРЕТА механизмот на СЕ, земјата се охрабрува да ги идентификуваат жртвите кои се цел на трудова експлоатација, преку зајакнување на улогата и обуката на трудовите инспектори и давање на трудовиот инспоекторрат со алатки и ресурси потребни за ефективна превенција и борба против трговијата со луѓе. 
 
Меморандумот за соработка помеѓу МВР и Државниот инспекторат за труд согласно препораките на ГРЕТА, го изработи Здружението на млади правници, на иницијатива на Националната комисија, а со поддршка на проектот на ЕУ и Советот на Европа за превенција и борба против трговијата со луѓе. вг/аа/
 
 

Остани поврзан