• понеделник, 23 декември 2024

МВР: За пукање на свадби се предвидени и затворски казни, може да предизвика тешки последици

МВР: За пукање на свадби се предвидени и затворски казни, може да предизвика тешки последици
Скопје, 30 јули 2021 (МИА) - Безбедносната состојба на подрачјето на Општина Студеничани е разгледана на денешната вонредна седница на Советот на општината, на која присустувале градоначалникот Азем Садики, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски заедно со помошник директорот Шефик Бајрами, како и командирот на ПС Драчево, Миле Трифуновски.
Од МВР информираат дека безбедносната состојба на подрачјето на оваа општина е оценета како стабилна, со тенденција кон подобрување.
Од Министерството потенцираат дека особено внимание беше посветено на пукањето со огнено оружје на семејните веселби и мерките за спречување на оваа појава.
Советот на Општина Студеничани, градоначалникот и Министертвото за внатрешни работи ги повикуваат граѓаните да се воздржат од пукање со огнено оружје на семејни веселби, затоа што тоа, како што велат, може да предизвика тешки последици.
- Пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а паричната глоба за ваков вид прекршок се движи од 200 до 500 евра (член 31). Зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години (член 288 од Кривичниот законик), потенцираат од Министерството за внатрешни работи и најавуваат дека ваквите активности во наредните денови ќе продолжат и во другите општини.фф/са/

Остани поврзан