МВР: Вчера уапсени десет возачи за возење без дозвола, под дејство на алкохол или со поголема брзина
- Во текот на вчерашниот ден полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 10 возачи, од кои по еден во Скопје, Куманово, Велес, Кавадарци и во Битолско затоа што управувале возило без возачка дозвола, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Скопје, 13 февруари 2026 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 10 возачи, од кои по еден во Скопје, Куманово, Велес, Кавадарци и во Битолско затоа што управувале возило без возачка дозвола, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Како што е наведено во соопштението, возачот во Куманово претходно со мотоцикл учествувал и во сообраќајна незгода и од него е одземен мотоциклот, а на другите возачи им се одземени патничките возила.
По еден возач во Скопје, Чашка и во Прилепско управувале возила иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б-категорија.
- Од нив исто така се одземени патничките возила. Еден возач во Кочани управувал возило под дејство на алкохол, а друг возач во Радовишко управувал возило со брзина поголема од дозволената. Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави - информираат од МВР.
Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, доколку се под дејство на алкохол или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување. фф/паг/
Фото: МВР