• понеделник, 23 декември 2024

МВР: Во акциска контрола санкционирани 23 возачи во Битола и Прилеп

МВР: Во акциска контрола санкционирани 23 возачи во Битола и Прилеп
Скопје, 8 октомври 2022 (МИА) - Одделението за полиција и Криминалистичка полиција при СВР Битола денеска од 10:00 до 15:00 часот на подрачјето на Битола и Прилеп спроведоа координирана акциска контрола за откривање на возачи на кои им е изречена прекршочна санкција - престанок на важење на возачката дозвола и забрана за управување со моторно возило, а забраната не е запишана во возачката дозвола односно возачката книшка и откривање на фалсификувани и украдени возила, како и спречување на трговија со украдени возила. При акциската контрола, како што информираат од МВР, констатирани се 23 прекршоци на возачите, од кои осум возачи немале впишана забрана во возачката дозвола, шест возачи не носеле возачка дозвола, пет возачи бесправно управувале возило, две возачки дозволи биле со измината важност, а едно возило било одземено по чл. 378 од Кривичниот законик за  фалсификување исправа и едно возило по чл.344 од Законот за безбедност на патниот сообраќај. За време на контролата откриени и законски санкционирани биле и седум останати прекршоци. аа/хс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан