• четврток, 26 декември 2024
МВР Билтен

Скопје, 22 април 2024 (МИА) - На 21.04.2024 во 22.25 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар,  полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Ш.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 21.04.2024 во 22.45 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Р.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 21.04.2024 во 16.10 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ќ.(31) од с.Сарај, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Во текот на вчерашниот ден (21.04.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 113 возачи. Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 47 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 66 надвор од населено место. 

На  21.04.2024 во 15.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Митевски“ во Скопје патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(41) од Скопје удрило во пешак-малолетник од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 
  
На 21.04.2024 во 17.00 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека во с.Трстија-виничко, трактор „фергусон“ со штипски регистарски ознаки, управуван од С.Ј.(63) од с.Нов Караорман – о.Карбинци излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница. 

На 21.04.2024  во 11.15 часот во Полициската станица Центар, С.М.(48) од Скопје пријавила дека на ул.„Јужен булевар“ во Скопје била касната од куче скитник. 

На 21.04.2024 во 22.35 часот во Полициската станица Центар, Л.Ц.(78) од Скопје пријавила дека на  ул.„Народен фронт“ во Скопје била касната од куче скитник. 

На 21.04.2024 во 23.30 часот во Полициската станица Карпош, Ш.А.(69) од Скопје пријавила дека на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник. 

 

Остани поврзан