• понеделник, 23 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 13 ноември 2024 (МИА) - Вчера (12.11.) околу 16.40 часот, полициски службеници од ПС за ГН при Граничниот премин Јажинце, на овој граничен премин, при влез во РСМ спречија шверц на пратка со пиротехнички средства (огномети, петарди, ракети и слично). Имено, при проверка на патничко моторно возило „тигуан“ со тетовски регистарски таблички, управувано од З.С. од Тетово, во багажниот простор биле пронајдени повеќе пакети во кои имало 3312 парчиња пиротехнички средства. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 12.11.2024 во 21.40 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Ј.(18), Б.Б.(19), Љ.Џ.(20) и Е.А.(21), сите од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 12.11.2024 во 17.30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 12.11.2024 во 15.40 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Џ.С.(44) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 12.11.2024 во 20.30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.А.(35) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

Денеска (13.11.2024) во 01.15 часот, било пријавено дека на регионалниот пат Охрид–Св.Наум, во близина на охридската населба „Елешец“, патнички автомобил „пежо“ со охридски регистарски таблици, управуван од Д.Ц.(18) од Охрид, излетал од патот. Д.Ц. починал на местото на несреќата, а смрт констатирал доктор од Итната медицинска помош,  додека 16- годишен сопатник од Охрид е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршија јавен обвинител, судски вештак и полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. 

На 12.11.2024 во СВР Велес било пријавено дека околу 19 часот на регионален пат Р1102 во правец од село Отовица кон Велес, патничко возило „рено“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.Т.(71) од Велес, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани од болницата во Велес. По овластување на јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од СВР Велес.

На 12.11.2024 во 08.40 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат  Битола-с.Бистрица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од малолетник од с.Канино, битолско и товарно возило  „ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.В.(53) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола. 

На 12.11.2024 во 21.26 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат  с.Волковија-Тетово, патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(28) од с.Челопек, тетовско излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово. 

На 12.11.2024 во 08.05 часот на Граничниот премин Долно Блаце,  на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.А.(31) од Р.Турција, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол–Турција. Тој бил задржан во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.


На 12.11.2024 во 15.40 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу влекач „волво“ со бугарски национални ознаки, управуван од бугарскиот државјанин Н.П.К.(63) и велосипед управуван од И.Е.(64) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

На 12.11.2024 во 10.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, Г.Б.(41) од Скопје пријавил дека на ул.„Благоја Гојан“ во Скопје бил каснат од куче скитник. 

На 12.11.2024 во 16.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, М.Ц.(45) од Скопје пријавила дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник. 

На 12.11.2024 во 16.30 часот во Полициската станица Драчево, А.Ј.(58) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџиниколов“ во Скопје бил каснат од куче скитник. 

На 12.11.2024 во 21.15 часот во село Банско, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода И.П.(52) од село Банско, кој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Штип. И.П. е осуден на затворска казна во траење од пет години и пет месеци за сторено кривично дело „трговија со луѓе“, а имал за доиздржување три години и четири месеци. Лицето било спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Штип.

На 12.11.2024 во 18.40 часот во село Банско, струмичко, полициски службеници од Одделение за потраги при МВР го лишиле од слобода М.А.(24) од Кочани. Тој бил баран по распишана потерница за издржување казна затвор во траење од седум години за сторено кривично дело „разбојништво“. При преглед кај лицето, пронајдена е марихуана. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 12.11.2024 во 16.30 часот од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за општ и насилен криминал во содејство со СВР Тетово - Одделение за општ криминал од слобода бил лишен Ш.Ш.(41) од с.Порој поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело „убиство“, извршено на 12.10.2013 на регионалниот пат од с.Пирок кон с. Жеровјане. По наредба на Основен суд Тетово извршен е претрес во домот на Ш.Ш.. Против лицето е поднесена кривична пријава, при што од страна на Основен суд Тетово му е изречена мерка притвор од 30 дена.

 

Остани поврзан