МВР Билтен
- Скопје, 23 ноември 2024
Скопје, 23 ноември 2024 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на полноќ го лишиле од слобода С.Џ.(40) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и таблета.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На полноќ полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го привеле Ј.Ј.(29) од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во 00:05 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле Г.А.(44) од Тетово, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во 02:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода А.Р.(22) од с.Рогле, тетовско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 13:20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода А.А.Г.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во 16 часот вчера на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода М.М.(36) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера околу 11.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го привеле М.Т.(46) од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера околу 17 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-одделение за потраги го лишиле од слобода В.К.(48) од Р.Турција, а со престој во Скопје, поради тоа што бил баран по меѓународна потерница од Р.Турција.
Тој бил задржан во Полициската станица Карпош за понатамошна постапка.
Во 18:20 часот вчера полициски службеници од СВР Битола во маркет лоциран на ул.„Филип Втори Македонски", врз основа на централна потерница од Казнено поправната установа Затвор Идризово, го лишиле од слобода К.К.(46) од Прилеп, кој бил баран за казна затвор во траење од една година и два месеци.
Вчера околу 13:20 часот, по преземени мерки во хотел на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Љ.(42) од Скопје, кој бил баран по централна потерница по судска наредба за издржување мерка притвор за сторени кривични дела по член 394 , член 353 и член 264 од Кривичниот законик.
Лицето било задржано во Полициската станица Бит Пазар за понатамошна постапка.
Вчера во 17:50 часот, во СВР Битола било пријавено дека на патот А3 Ресен-Битола патничко моторно возило „форд" со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Б. (68) од Битола, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
Во 19.25 часот вчера во Полициската станица Карпош, А.М.(41) од с.Волково, скопско, пријавил дека на ул.„Московска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Во 10.30 часот во Полициската станица Гази Баба, Р.Д.(50) од Скопје пријавил дека во населбата Гоце Делчев во Скопје бил каснат од куче скитник. бак/
Фото: МИА архива