• среда, 27 ноември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 15 јануари 2024 (МИА) - Полициски службници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес, вчера попладне во 16:20 часот го лишиле од слобода велешанецот Ј.К.(63). При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, заедно со полициски службеници со службени кучиња од Единицата за службени кучиња Скопје, бил пронајден и одземен кокаин. Известен бил јавен обвинител, а лицето било приведено во полициска станица. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 17:50 часот во Велес, полициски службници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишиле од слобода велешанецот Б.М.(39). При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, заедно со полициски службеници со службени кучиња од Единицата за службени кучиња Скопје, биле пронајдени и одземени масло од канабис и амфетамин. Известен бил јавен обвинител, а лицето било приведено во полициска станица. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ноќеска во 03:30 часот во гостиварска Лешница, полициски службеници од СВР Тетово - ОВР Гостивар ги лишиле од слобода 28-годишната Ф.М. од Гостивар и Е.Џ.(24) од гостиварско Здуње затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие се задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 18:40 часот на Граничниот премин Деве Баир, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификувани полиси за осигурување, од слобода бил лишен A.Д.И.(41) од Република Бугарија, кој управувал товарно моторно возило „ивеко“ со полуприколка со турски национални ознаки. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 377 возачи. Од нив 21 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 185 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 192 надвор од населено место.

Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 125 возачи. Од нив, 115 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 4 санкции се изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 4 за управување возило без возачка дозвола и 2 за нерегистрирани возила.

Вчера во 09.15 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на крстосница од бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп, патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(36) од Прилеп, удрило во ограда од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Вчера во 16:30 часот во Полициската станица Гази Баба, Б.К.(67) од Скопје пријавил дека на ул.„520“ во населба Ќерамидница во Скопје бил каснат од куче скитник. ад/

Фото:МИА архива
 

Остани поврзан