МВР Билтен
- Скопје, 31 јануари 2026
Скопје, 31 јануари 2026 (МИА) - На 30.01.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Е.(24) и 17-годишник двајцата од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 29.01.2026 околу 17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„11-ти Октомври“ во Скопје патничко возило удрило во пешакот Б.И.(38) од Скопје по што возачот со возилото го напуштило местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 23.50 часот во Скопје на подрачјето на Центар во близина на угостителски објект, полициски службеници од СВР Скопје го привеле И.С.(24) од Скопје поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера околу 21:00 часот во СВР Скопје А.С.(52) од Скопје пријави дека околу 18:00 часот на автобуска постојка на подрачјето на Карпош двајца малолетници со закана му одзеле пари на нејзиниот малолетен син.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ноќеска во 03:22 часот во СВР Скопје 49-годишна жена пријавила дека на подрачјето на Ѓорче Петров непознато лице кон семејната куќа фрлило две стаклени шишиња со непозната течност кои претходно ги запалил.
Едно од стаклените шишиња паднало во дворното место до паркирано товарно возило, а второто паднало на тераса од куќата и предизвикало пожар. Пожарот бил изгаснат од членови на семејството. Повредени лица нема. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 15:45 часот во СВР Скопје В.П.(47) од Скопје пријавил дека на 29.01.2026 околу 19:00 часот на подрачјето на Центар во близина на средно училиште по претходно недоразбирање неговата малолетна ќерка била физички нападната од нејзина соученичка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 14.06 часот во СВР Скопје А.Љ.(36) од Скопје пријавил дека во казино на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од едно лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 21:00 часот СВР Скопје Н.К.(38) од Скопје пријавила дека околу 16:00 часот на подрачјето на Кисела Вода четири лица со закана со остар предмет од нејзиниот малолетен син одзеле пари, а едно од лицата и физички го нападнало.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.01.2026 околу 16:00 часот во СВР Скопје, е пријавено дека во кругот на објект во изградба на подрачјето на Ѓорче Петров М.Д. управувајќи товарно возило-комбе враќајќи се назад без да го забележи удрил во Д.З.(51) од Скопје кој се наоѓал до ограда позади комбето.
Тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.01.2026 година во 16:00 часот, во Полициската станица Гостивар е задржан албанскиот државјанин Б.И.(58). Лицето претходно било лишено од слобода на граничниот премин „Блато“ врз основа на распис издаден од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар на 05.01.2026 година во врска со сторени кривично дела “кражба” и “тешка кражба”.
Во 19:30 часот, истиот е изведен пред Основен суд Гостивар, каде му е одредена мерка притвор во траење од 8 дена.
На 30.01.2026 во 23:40 часот, во Велес, полициски службеници од Отсек зa недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишиле од слобода И.Н.(33) од Скопје, затоа што при преглед, во неговото возило биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. Исто така, со судска наредба бил извршен и претрес во домот во кој престојувал И.Н., каде била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 30.01.2026 во 09:25 часот во СВР Штип Б.П.(63) со престој во с.Стар Караорман пријавил дека во атарот на с.Горно Трогерци со тврд предмет бил физички нападнат од М.„Н“.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.01.2026 во СВР Штип од страна на Итна медицинска помош Пехчево е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Д.Б.(27) од Пехчево.
Лицето со повреди се здобил додека извршувал работни задачи во фирма во Пехчево. Известен трудов инспектор.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.Д.(31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги”.
На 08.05.2025 на ул. „Железничка“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово извршиле преглед на возило, кое го управувал, при што кај пријавениот била пронајдена и одземена марихуана, а кај неговиот совозач било пронајдено и одземено шише со метадон, од кој претходно пријавениот му овозможил да го користи.
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе известување од Законот за правда за децата против тројца малолетници од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.
На 29.12.2025 во основно училиште, а потоа и надвор од училиштето, пријавените физички нападнале нивен соученик.
СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Г.(27) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи’’.
На 08.12.2024 во ноќен клуб во Старата чаршија во Битола, пријавениот неовластено и без дозвола држел во себе пиштол калибар 22 LR, кое претставува полуавтоматско огнено оружје. При извршени проверки констатирано е дека пиштолот има два фабрички броја.
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар, поднесе кривична пријава против З.С.(40) од Скопје и Ј.С.(36) во Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „самовластие“ и „загрозување на сигурноста“.
На 23.01.2026 во Гостивар, по претходно нерасчистени должничко-доверителски односи, пријавените им ги одзеле патните исправи, со цел да извршат притисок, на две лица, при што им упатиле закани по нивните животи.
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Берово, поднесе кривична пријава против И.А.(37) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
На 05.03.2025 кај Беровско Езеро, кај место викано „Фета“, пријавениот испукал дијабола од воздушна пушка, во правец на викенд куќа.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.В.(46) од с.Романовце, кумановско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалаци на дете“.
На 14.12.2025 полициски службеници извршиле контрола во угостителскиот објект во Куманово, каде пријавената била одговорно лице, при што бил затекнат малолетник во тешка алкохолизирана состојба и бесознание. бак/
Фото: МИА архива