• четврток, 26 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 8 февруари 2024 (МИА) - На 07.02.2024 околу 20.30 часот во близина на с.Крупиште, општина Карбинци,  полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги со полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Г.Т.(38) од с.Долни Балван, општина Карбинци. Тој бил осуден на казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 259 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Струмица за доиздржување една година и еден месец од казната. Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната.

На 07.02.2024 околу 21.00 часот во близина на хотел во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода А.М.(21) од Скопје. Околу 20.00 часот во близина на с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници забележале дека во возилото „ауди“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, влегуваат мигранти, по што дале знак за негово запирање. Тој не застанал и продолжил со движење на автопатот А1 во правец Гевгелија – Скопје и во близина тунелот „Јаворица“ ги истоварил мигрантите. После тоа, се вратил назад на автопатот А1 во правец Скопје – Гевгелија и во 21.00 часот бил запрен и лишен од слобода. По пребарување на теренот биле пронајдени четири лица мигранти од Сирија. За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (08.02.2024) во 01.15 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.М.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 07.02.2024 во 17.15 часот на ул.„Горан Миноски” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Е.Џ.(42) од Прилеп затоа што кај него биле пронајдени и одземени повеќе таблети трамадол. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 07.02.2024 во 16.00 часот во близина на Транзитниот центар Табановце, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Сопот ги привеле А.Ф.(24) и У.Х.(21), двајцата од Република Турција. По извршени проверки и службен разговор со нив било констатирано дека илегално влегле во државата. Тие биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.  

Во текот на вчерашниот ден (07.02.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 196 возачи. Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 114 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 82 надвор од населено место.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (07.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина девет санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за користење мобилен телефон при возење, осум мерки за некористење сигурносен појас...

На 07.02.2024 во 13.00 часот во Полициската станица Карпош, З.С.(53) од Скопје пријавил на ул.„Бледски договор“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 07.02.2024 во 23.35 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Б.П.(32) од с.Бардовци, скопско, пријавила дека на ул.„Новопроектирана“ во Скопје била касната од куче скитник.
 
На 07.02.2024 во 16.30 часот во Полициската станица Чаир, И.И.(74) од Скопје пријавил дека на ул.„Бутелска“ во Скопје бил каснат од куче скитник. дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан