• вторник, 10 март 2026

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 10 март 2026 (МИА) - СВР Велес поднесе кривична пријава против Д.С.(31) и А.Ш.(30), двајцата од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 21.08.2025 на локален пат во кавадаречко, полициски службеници извршиле контрола кај пријавените, при што бил пронајден и одземен кокаин. 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.И.(58) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. На 14.01.2026 во Тетово, пријавениот следел 18-годишна девојка.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривични пријава против Р.Л.(18) од Скопје и 16-годишник од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“. Во период од 11:00 часот на 17.02.2026 до 05:00 часот на 18.02.2026, со употреба на физичка сила и подесен алат влегле во правен објект во Крива Паланка и извршиле тешка кражба.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.М.(48) од с.Горна Бањица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во текот на 2025 година, пријавениот измамил едно женско лице, ветувајќи дека ќе и посредува за добивање на виза за странска држава, при што во неколку наврати таа му дала вкупно 3.000 евра. 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.И.(18) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“ и против Е.И.(34) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 31.12.2025 во угостителски објект во Гостивар, по претходна расправија, пријавените го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, при што првопријавениот со пиштол за светлосно звучна сигнализација испукал четири куршуми, од кои еден кон второпријавениот.

На 09.03.2026 во 15:50 часот во СВР Битола, 80-годишна битолчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 150.000 денари, 150 евра, 1.300 австралиски долари, како и златен накит. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и ја известило дека нејзината ќерка била повредена во сообраќајна несреќа, при што требало да се направи итна операција, за која требало да се плати. Како што е пријавено, откако се договориле, ги дала парите на лице позади зградата во која живее, а подоцна сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 09.03.2026 во 15:13 часот во СВР Скопје, од Општата градска болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје е пријавено дека кај нив со повреди бил донесен П.Ѓ.(25) од Албанија. Имено, тој пријавил дека се повредил при случена сообраќајна несреќа од пред неколку дена, но по преземени мерки, лекарите утврдиле дека тој има прострелна рана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.03.2026 во 20:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.Ш.(20), Р.Ј.(45), С.Ш.(27) и Н.Ш.(46), сите од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 15:20 часот на подрачјето Шуто Оризари упатувале закани на 69-годишна жена, а едниот од нив физички ја нападнал, при што употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.И.(36) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста’’. На 10.01.2026 пријавениот телефонски упатувал закани на неговата поранешна сопруга. 

СВР Велес поднесе кривична пријава против Т.Ј.(36) од село Горно Јаболчиште, велешко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање лажен исказ“. Имено, на 18.08.2025 тој пополнил и потпишал писмена изјава дека ја изгубил возачката дозвола и поднел барање за издавање на дупликат возачка дозвола. По извршени проверки, констатирано е дека Т.Ј. со возачката дозвола која ја пријавил за изгубена, извршил замена за странска возачка дозвола во Германија.

На 09.03.2026 во 08:30 часот во СВР Велес, 23-годишна велешанка пријавила дека во нејзиниот дом дошол Б.Б.(26) од Скопје - нејзин поранешен партнер, физички ја нападнал неа и нејзиниот сегашен 24-годишен партнер, по што и М.К.(30) и Д.Б.(43), двајцата од Скопје, кои дошле со Б.Б., физички го нападнале нејзиното момче, при што употребиле електрошок и тврд предмет. По преземени мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.Б., М.К. и Д.Б., кои подоцна биле спроведени во СВР Велес за понатамошна постапка. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 10.03.2026 во 00:15 часот во СВР Скопје, В.А.(18) од селото Инџиково, скопско, пријави дека околу 21:20 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.03.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје, И.Т.(38) од Скопје пријави дека на 06.03.2026 околу 19:30 часот на подрачјето на Кисела Вода, била физички нападната од нејзиниот сосед С.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.03.2026 околу 13:00 часот во СВР Скопје, С.Х.(56) од Скопје пријави дека на подрачјето на Шуто Оризари, бил физички нападнат од Т.М.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.03.2026 во 14:30 часот во СВР Скопје, С.Ј.(72) од Скопје пријави дека на 08.03.2026 на автобуска постојка во с.Волково, скопско, едно лице му одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.03.2026 во 14:40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Ф.К.(31) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. сс/дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан