• среда, 27 ноември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 1 декемрври 2023 (МИА) - На 01.12.2023 во 03.40  часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Д,(28) од Куманово. На булевар „Октомвриска револуција“  во Куманово, тој бил затекнат при обид да одземе предмети од паркирано возило. Исто така, тој се сомничи дека во текот на вечерта со употреба на сила влегол во неколку автомобили на различни локации во Куманово и одзел предмети. С.Д. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. 

На 30.11.2023 околу 10.40 часот на улица „Јане Сандански“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 24-годишниот тетовец Д.В. затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок. 

Денеска (01.12.2023) во 00.10 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, полициски службеници го лишиле од слобода А.А.(50) од Република Албанија. При пасошка контрола, тој на увид дал патна исправа од Република Албанија во која недостасувале  две страници. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Во текот на вчерашниот ден (30.11.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 117 возачи. Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 67 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 50 надвор од населено место. 

На 30.11.2023 во 23.02 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на авто плац на ул.„Гоце Делчев“ во Кочани, патничко моторно возило „ауди“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано С.Л.(27) од с.Костин Дол, општина Македонска Каменица, удрило во паркирани возила, сопственост на Д.Ј. (41) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата во Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.     

На 30.11.2023 во 14.10 часот во Полициската станица Центар, Р.Ѓ.(25) од Скопје пријавил дека на ул.„Орце Николов“ бил каснат од куче скитник. 

На 30.11.2023 во 12.50 часот во Полициската станица Карпош, М.Џ.(89) од Скопје пријавил дека бил каснат од куче скитник.   

На 30.11.2023 во 14.10 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Ж.М.(64) од Скопје пријавил дека на ул.„Лука Геров“ бил  каснат од куче скитник.  

 

 

Остани поврзан