• недела, 24 ноември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 12 мај 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Тетово вчеравечер (11 мај) околу 23:10 минути, на крстосницата на улиците „Илинденска“ и „108“ во Тетово го лишиле од слобода 27-годишниот тетовец И.М, затоа што му бил пронајден и одземен кокаин. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Вчеравечер (11 мај) околу 21:20 часот, на локален пат во тетовско Боговиње, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.С.(33) од гостиварско Трново. При негов и преглед на патничко моторно возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, во кое се превезувал, му бил пронајден и одземен кокаин, по што бил задржан во Полициската станица Тетово и против него ќе следува поднесок.

На 11.05.2023 година во 07часот во Богданци полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија извршиле контрола над патничко возило „мерцедес“ со струмички регистерски ознаки, управувано од Н.Ј. (53) од Струмица. При контролата било констатирано дека лицето со возилото врши јавен превоз на патници на релација Струмица-Богданци, без да поседува соодветна документација за тоа. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.05.2023 во 19:30 часот полициски службеници од Полициската станица  Велес го лишиле од слобода И.Д. (30) од Велес, кој се сомничи за повеќе кривични дела, а при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Лицето е приведено во полициската станица во Велес и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.05.2023 во 23:59 часот пријавено е дека настанал пожар под мостот на ул. Беласица во Скопје. Полициски службеници излегле на местото на настанот, а сообраќајот бил пренасочен. Пожарот е изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита и во тек е увид.

На 11.05.2023 во 21:45 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(32) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
                                     
На 11.05.2023 во 23:15 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода М.А.(35) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.                            

На 12.05.2023 во 00:15 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода С.А.(40) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен метадон. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 11.05.2023 во 17 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.М.Г.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.                          

На 11.05.2023 во 19:15 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Р.(27) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.


На 11.05.2023 во 13:40 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.М.(31) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.


На 11.05.2023 во 21 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.А.(49) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 11.05.2023 во 09:15 часот на Граничниот премин Долно Блаце бил лишен од слобода Б.Т.(34) од Косово поради тоа што се барал по потерница од Интерпол-Австрија. Тој бил задржан во Полициската станица Кисела Вода по што бил спроведен во Основен Суд Скопје за понатамошна постапка.

На 11.05.2023 во 13:50 часот било пријавено дека на автопатот Скопје-Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.М.(44) од с.Ласкарци-скопско, и патничко моторно возило “фолксвеген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.З.(38) од с.Синичане-тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ш.М., а со телесни повреди се здобиле возачот А.З. и сопатниците од истото возило В.А.(44), Ф.С.(42) и Р.Р.(44) констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 11.05.2023 во 09:20 часот во Полициската станица Кисела Вода Л.К.(46) од Скопје пријавила дека на ул.“Христо Татарчев“ била касната од куче скитник.

На 11.05.2023 во 16:20 часот во Полициската станица Драчево Н.Џ.(22) од Скопје пријавила дека на ул.“Антон Димитров“ била касната од куче скитник.

На 11.05.2023 во 19:45 часот на патот Штип-Велес било пријавено дека кај населба Три Чешми се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фиат стило“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од С.С.(53) од с.Ерџелија-Свети Николе, и патничко моторно возило „форд“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.З.(63) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.З. а со телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото „фиат стило“ Б.Ј.(45), Б.Ј.(39), Д.С.(37) сите од Свети Николе, како и сопатниците од другото возило В.П.(60), С.Д.(18) и А.Р.(43) сите од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа  од СВР Штип. свс/ 

Остани поврзан