• сабота, 23 ноември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 7 ноември 2023 (МИА) - Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (06-ноември) околу 17 часот и 45 минути во тетовската населба Дреновец, со судска наредба, го привеле 29-годишниот тетовец А.А.. Тој бил баран со централна потерница за издржување на двегодишна затворска казна за сторени кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.

На 06.11.2023 во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од СВР Куманово ги лишиле од слобода И.М.(48) и С.Б.(42) од Куманово.  При претрес во домот на И.М., извршен по судска наредба, биле пронајдени хероин и марихуана, додека при преглед на С.Б., која била затекната во неговиот дом, исто така биле пронајдени хероин и марихуана. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

На 06.11.2023 во 23.10 часот на автопатот А1 во близина на Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Ќ.Ш.(24) од Студеничани, скопско. Претходно, на автопатот Демир Капија-Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово откриле 15 лица мигранти од Сирија кои изјавиле дека биле превезувани со возило мерцедес со скопски регистарски ознаки, за кое подоцна било констатирано дека го управувал Ќ.Ш.. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во кординација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (07.11.2023) во 00.30 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ш.Х.(48) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.11.2023 во 14.00 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Т.(38) од Скопје затоа што кај него била пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (06.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 296 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 77 санкции, 20 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се 16 мерки за користење мобилен телефон при возење, 21 санкција за некористење сигурносен појас, 12 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила...

Во текот на вчерашниот ден (06.11.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 243 возачи. Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 145 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 98 надвор од населено место. 

Секторот за Внатрешни Работи-Тетово, Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај-Тетово продолжи со контролни активности за поголем ред и сообраќајна безбедност во градот. При контролата вчера (06-ноември) биле изречени вкупно 47 мерки. Најголемиот број од мерките (16) се однесувале на неприлагодена брзина според условите на патот. Покрај ова, откриени и санкционирани биле и 5 лица кои ги управувале возилата без положен возачки испит или валидна возачка дозвола, 6 возачи кои непрописно, односно погрешно ги паркирале нивните возилата, 3 возачи кои некористеле сигурносен појас, 2 возачи-почетници кои не се придржувале на законските ограничувања предвидени за оваа категорија на возачи, исто толку кои на стаклата од возилата вградиле неатестирани фолии и друго. На сите прекршители им се изготвени соодветни поднесоци и тие ќе се соочат со поднесоци кои, зависно од видот и карактерот на прекршокот, глобите се движат од 45 до 250, односно 400 евра во денарска противвредност.

На 06.11.2023 во 19.32 часот во СВР Битола било пријавено дека на магистралниот пат Битола–Ресен се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со ресенски регистарски ознаки управувано од Б.Н.(24) од с.Езерани-ресенско и патничко моторно возило „рено клио“ со охридски регистарски ознаки управувано од Г.С.(60) од Охрид. Во несреќата двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди, по што биле пренесени во Клиничката болница Битола каде возачот Г.С. починал. Со телесни повреди се здобиле двајца сопатници од двете возила. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола. 

На 07.11.2023 околу 06.20 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионален пат Струмица – Валандово, Ф.А.(42) од Струмица, управувајќи автобус со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и се превртел на коловозот. Во несреќата со повреди се здобиле неколку лица кои биле пренесени во Медицински центар Струмица за укажување лекарска помош, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

На 06.11.2023 во 12.10 часот во Полициската станица Центар, М.К.(23) од Тетово пријавила дека на ул.„Беласица“ била касната од куче скитник. 

На 06.11.2023 во 11.50 часот во Полициската станица Аеродром, Д.Т.(31) од Скопје пријавил дека на кеј на река Вардар бил каснат од куче скитник.

На 06.11.2023 во 21.30 часот во Полициското одделение Арачиново, К.И.(28) од с.Орланци пријавил дека во истото село бил каснат од куче скитник.  

 

Остани поврзан