• вторник, 03 февруари 2026

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 3 јануари 2026 (МИА) - На 02.02.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Б.К.(27), И.Ф.(22), Б.А.(18), П.К.(20) и М.М.(38), сите од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 03.02.2026, полициски службеници од ОВР Кавадарци извршија службен разговор со Б.Б.(29) од Кавадарци.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела „кражба“. Одземеното ќе биде вратено на сопствениците. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против Б.Б. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 02.02.2026 во 10:55 часот на ул.„Бошко Најдовски“ во Битола,  полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Р.Т.(44) од Битола.

Тој бил баран по распишана централна потерница од Основен суд Битола за издржување на казна затвор во траење од една година и  шест месеци. Лицето било спроведено во Казнено- поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.

На (03.02.2026) во 02:00 часот во близина на Граничен премин Богородица, при обид за илегален излез од државата, полициски службеници лишија од слобода седум странски државјани, од кои пет лица од Пакистан, а двајца од Индија.

По извршени проверки во оперативната евиденција е констатирано дека тие претходно оствариле влез во државата на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје. По целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.   

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Т. (40) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори “.

На 20.02.2025 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавената, при што биле пронајдени и одземени марихуана и семки од растението канабис.

На 02.02.2026 во 21:25 часот, при контрола во патниот сообраќај на улица „Стив Наумов“ во Охрид, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген“ со охридски регистарски ознаки, управувано од П.С.(32) од Охрид.

Притоа, било констатирано дека П.С. го управувал возилото иако имал изречена заштитна мерка- забрана за управување со моторното возило од Б категорија во траење од три месеци. По добиени насоки од јавен обвинител, полициските службеници го одзедоа возилото и возачките документи, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. сст/

Фото МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан