• среда, 27 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 7 март 2023 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица Чаир, вчера во 13:20 часот, ја лишиле од слобода Ф.Е.(39) од Скопје. Таа се сомничи дека околу 11:30 часот физички ја нападнала В.Д.(80) од Скопје во нејзиниот дом на подрачјето на Чаир и ѝ одзела пари. Одземените пари биле пронајдени и вратени на сопственичката, а Ф.Е. била задржана во полициска станица. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.Полициски службеници од ОВР Делчево вчера го лишиле од слобода И.Г.(30) во село Моштица, општина Македонска Каменица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени воздушна пушка „Умарех“ калибар 4,5 мм, метална цевка од ловечка пушка со должина од 35 см, метална цевка со должина од 55 см и кутија со 119 дијаболи. Тој бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.М.(49) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Тој, на социјалната мрежа Фејсбук, на објава поставена од еден портал, објавил коментар со содржина со која промовирал и поттикнувал омраза и насилство.  При преземање службени задачи, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола и Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Демир Хисар на место викано „Железнец“, атар на с.Сопотница, демирхисарско, затекнале товарно возило „мерцедес“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(27) од с.Обедник, демирхисарско, кое било натоварено со околу 19 метри просторно огревно дрво без соодветна документација. Дрвата и возилото се одземени и предадени на Шумска полиција - Демир Хисар. Притоа, било утврдено дека дрвата ги превезува од склад на шумско претпријатие во с.Сопотница до склад на приватна фирма во истото село. Полициски службеници извршиле контрола и во складот на фирмата, при што пронашле уште 20 метри просторно огревно дрво кои, исто така, биле предадени на Шумска полиција - Демир Хисар. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Во близина на охридското село Косел вчера биле затекнати С.М.(23), М.Е.(23), Х.Х.(23), сите од Сирија, како и А.М.А.(24) од Палестина. Поради остварен илегален влез во државата, а во согласност со Законот за гранична контрола, тие биле приведени, а потоа спроведени во прифатно-транзитен центар во Гевгелија за натамошна постапка.

Г.К.(23) од Струга вчера во полициска станица пријавила дека на улица „Елпида Караманди“ во Струга била касната од куче скитник.Вчера во 14:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди бил донесен Х.Н.(25) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во фирма на подрачјето на Петровец. Полициски службеници извршиле увид, а за настанот бил запознаен трудов инспектор. Се работи на расчистување на случајот. Вчера во 16:00 часот во Полициската станица Карпош, М.Б.(38) од Скопје пријавил дека на ул.„Будимпештанска“ бил каснат од куче скитник.Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, Б.С.(55) од Скопје пријавила дека во населбата Маџари, во автобус на ЈСП, додека таа и нејзиниот колега С.Ф.(59) од Скопје извршувале работни задачи како контролори, биле физички нападнати од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.    

Ѓ.Т.(70) од Кичево вчера во полициска станица пријавила дека на булевар „Ослободување“ во Кичево била касната од куче скитник.Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против Б.И.(42) од село Василево, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,криумчарење на мигранти’’. На 02.03.2023 во близина на село Костурино, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „опел зафира“, управувано од пријавениот, при што пронашле осум лица мигранти, од кои седум од Сирија и еден од Тунис.Синоќа во 21:30 часот во СВР Скопје, Н.В.(45) од Скопје пријавила дека околу 17:30 часот на подрачјето на Бит Пазар нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од тројца малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Синоќа во 20:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот во кој престојува била пронајдена почината С.М.(65) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција.СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.М.(28) од тетовско село, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „намамување на обљуба или друго полово дејствие на малолетник кој не наполнил 14 години“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 08.01.2023 пријавениот, користејќи социјална мрежа, започнал комуникација со малолетничка, при што лажно се претставил дека има 15 години, а на 27.01.2023 побарал да се сретнат.Вчера во 14:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во периодот од октомври 2022 година до 03.03.2023 од магистрален пат А3 Прилеп - Тополчани биле одземени 17 сообраќајни знаци, од регионален пат Прилеп - Македонски Брод биле одземени 26 сообраќајни знаци и од регионален пат Прилеп - Крушево биле одземени 11 знаци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против О.А.(46) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 26.02.2023 во Крива Паланка, по претходна физичка пресметка, пријавениот со тврд предмет го нападнал и му нанел повреда на С.В., а се обидел и со остар предмет да го нападне, но бил спречен од брат му.Вчера во 12:00 часот во Полицискта станица Делчево, Т.К.(54) пријавил дека кај маало ,,Витановци“, атар на с.Илиово, бил каснат од куче скитник.СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Љ.(33) и Ќ.С.(31), двајцата од село Порој, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 15.10.2022 во село Порој, пријавените физички го нападнале М.И. и му нанеле повреди. дма/

 

Фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан