МВР Билтен (ДПЛ)
- ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против Б.А.(43) од с.Богородица, гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 24.04.2023, полициски службеници извршиле претрес во станот кој го користи пријавениот во Гевгелија и во напуштен објект во с.Богородица, при што пронашле и одзеле околу 15 килограми марихуана.
Скопје, 29 април 2023 (МИА) - ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против Б.А.(43) од с.Богородица, гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 24.04.2023, полициски службеници извршиле претрес во станот кој го користи пријавениот во Гевгелија и во напуштен објект во с.Богородица, при што пронашле и одзеле околу 15 килограми марихуана.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Б.Р.(21) од с.Србица, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 12.09.2022 во Кичево, полициски службеници извршиле преглед во патничко возило „фолксваген голф“, управувано од пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против К.Ѓ.(29) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Во јуни 2022 година, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот при што пронашле и одзеле марихуана, семки од растението канабис и предмет со остатоци од марихуана.
На 28.04.2023 во 20.00 часот од полициски службеници од СВР Охрид-Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје во Охрид бил лишен од слобода И.Ш.(44) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29.04.2023 во 01.10 часот во Полициската станица Ѓорче Петров М.М.(20) од Скопје пријавил дека на ул.“Ѓорче Петров“ бил каснат од куче скитник.
На 29.04.2023 во 00.25 часот во Полициското одделение Шуто Оризари И.Б.(42) од Скопје пријавил дека на ул.“Индира Ганди“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 28.04.2023 во 23.50 часот во Полициската станица Драчево В.Т.(44) од Скопје пријавил дека на ул.“Иван Хаџи Николов“ бил каснат од куче скитник.
На 29.04.2023 во 01.00 часот од полициски службеници од Полициската станица Драчево бил лишен од слобода Ф.С.(43) од Скопје поради тоа што на 28.04.2023 околу 23.30 часот во домот во скопско село физички ја нападнал неговата 64 годишна мајка, неговата сопруга и неговата малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 29.04.2023 во 01.20 часот М.А.(19) од Скопје, пријавил дека на 28.04.2023 околу 23.30 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Ф.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 28.04.2023 во 21.30 часот полициски службеници од СВР Охрид во Охрид го лишиле од слобода С.Ш.(27) од Охрид, поради тоа што на 27.04.2023 околу 04.00 часот во домот физички ја нападнал неговата 55 годишна мајка. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 29.04.2023 во 01.40 часот Д.А.(67) од Куманово пријавил дека на 28.04.2023 околу 23.15 часот во Куманово неговиот малолетен внук бил физички нападнат од малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 28.04.2023 во 18.05 часот Д.Б.(68) од Кавадарци пријавил дека околу 17.40 часот во Кавадарци бил физички нападнат од Р.П. со тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 28.04.2023 во 13.00 часот М.Д.(47) од Велес пријавил дека околу 12.10 часот во Велес бил физички нападнат од Д.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 28.04.2023 во 16.30 часот И.Г.(57) од с.Василево пријавил дека околу 15.30 часот во истото село неговиот малолетен внук и неговиот син биле физички нападнати од А.М. кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 28.04.2023 во 17.10 часот А.П.(65) од Струмица пријавила дека околу 15.00 часот во Струмица била физички нападната од С.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 28.04.2023 во 18.00 часот М.Ш.(61) од Прилеп пријавил дека околу 17.30 часот во Прилеп бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 28.04.2023 во 16.50 часот Т.М.(34) од Струга пријавил дека околу 14.30 часот во казино во Струга по претходно недоразбирање бил физички нападнат од Р.Н.. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.
На 28.04.2023 во 19.30 часот во Струга од полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга бил лишен од слобода Д.О.(21) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 28.04.2023 во 15.00 часот во Кичево од полициски службеници од Полициската станица Кичево бил лишен од слобода Б.С.(45) од Кичево поради тоа што во казино во Кичево агресивно се однесувал кон вработени, а во него имал и нож. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 28.04.2023 во 20.50 часот во Битола од полициски службеници од СВР Битола бил лишен од слобода К.Н.(64) од Битола поради тоа што допирал малолетничка по телото. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 28.04.2023 во 12.40 часот било пријавено дека во автобус на ЈСП на подрачјето на Бит Пазар малолетник од Скопје бил физички нападнат од малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.04.2023 во 16.00 часот 37-годишна скопјанка пријавила дека околу 07.30 часот во домот на подрачјето на Бит Пазар нејзиниот сопруг Б.А.(40) од Скопје со тврд предмет физички ја нападнал нивната малолетна ќерка, а потоа и физички го нападнал и нивниот малолетен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 28.04.2023 во 16.00 часот во Полициската станица Бит Пазар Е.Ќ.(58) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот брат М.Ќ.(57), кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 28.04.2023 во 14.55 часот М.Т.(33) од Скопје пријавил дека околу 09.30 часот на ул.“Качанички пат“ во Скопје вршејќи службени задачи како градежен извршител, вработен во општина Бутел бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 28.04.2023 од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар извршен е службен разговор со двајца малолетници, во присуство на нивните родители, а во врска со претходна пријава дека малолетниците со закана извршиле полови дејствија врз малолетник. Известен е и Центарот за социјални работи-Скопје и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до ОЈО Скопје.
На 29.04.2023 во 01.20 часот на подрачјето на Кисела Вода од полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода била приведена В.К.(47) од Скопје поради тоа што агресивно се однесувала кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 29.04.2023 во 01.30 часот Т.В.(21) од Скопје пријавил дека на 28.04.2023 околу 23.20 часот на подрачјето на Карпош пред спортска обложувалница по претходно недоразбирање бил физички нападнат од Р.Ј.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 28.04.2023 во 13.10 часот Е.П.(46) од Скопје пријавила дека на 22.04.2023 околу 22.00 часот во Градскиот парк-Школка во Скопје нејзиниот син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: МИА архива