• понеделник, 23 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 2 јуни 2023 (МИА) - Кај клучка Демир Капија денеска во 12:30 часот од страна на патролна служба од Полициската станица за граничен надзор Михајлово на даден знак за запирање на патничко возило „алфа ромео“, со скопски регистарски таблички, возилото не сопрело туку продолжило да се движи во правец на Неготино.

По преземени активности во 12:50 часот кај клучка Неготино, од страна на друга патролна служба на Полициска станица Михајлово возилото е сопрено и во него се пронајдени две лица мигранти од Сирија. А.Н. од Скопје, кој го управувал возилото, е лишен од слобода, за случајот е известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок, а лицата мигранти ќе бидат пренесени во прифатно-транзитен центар.

Вчера од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево, по преземени мерки и активности е лишен од слобода С.Р.(26) од Скопје.

За него бил распишан распис, поради сомнение дека на 24.05.2023 во Транспортен центар извршил кривично дело кражба, при што одзел предмети од Х.О. од Турција. При извршен преглед кај С.Р. биле пронајдени 7 пакувања прашкаста материја, а при извршен службен разговор во полициска станица, С.Р. признал дека е сторител на кражбата, а одземените предмети се пронајдени кај него и ќе бидат вратени на сопственикот. По документирање на случајот против лицето ќе следува кривична пријава.

Од полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал и полициски службеници од СВР Скопје, вчера во соработка со инспектори од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), извршена е акциска контрола на шест правни лица - отпади на подрачјето на Карпош во Скопје.

Во рамки на акциската контрола во четири од правните лица, од страна на ДПИ е констатирано дека немале соодветна документација за водење на материјална евиденција, а во едно од нив од страна на ДИЖС е констатирано дека не поседувало дозвола за вршење на дејност складирање и третман на отпад. За констатираните неправилности од полициските службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал ќе биде известен Јавен обвинител, а од страна на инспекторатите ќе бидат изречени соодветни санкции.

Денеска околу 12:30 часот на автопатот Штип-Миладиновци, недалеку од место викано „Криви Дол“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота лендкрузер“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Д.С.(29) од Кочани и „шевролет калос“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(44) од Скопје.

На местото на несреќата починалe В.З.(62) од Кочани и малолетна сопатничка од возилото „шевролет“, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Двајцата возачи, Д.Х.(34), сопатник во возилото „тојота“, С.М.(37) и уште еден малолетен сопатник од возилото „шевролет“ биле пренесени за укажување на лекарска помош во Клиничка болница Штип, каде што и С.М. им подлегнала на повредите. Увид изврши увидна екипа од СВР Штип.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Б.И. (38) од село Грдовци и Х.М. (22) од село Банско, струмичко, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 20.05.2023 година, во село Грдовци, во домот на еден од пријавените, при извршен претрес биле пронајдени вреќи со 3,2 кг марихуана, а во патничкото возило „тојота“ бил пронајден амфетамин.

На подрачјето на Центар вчера во 20 часот било пријавено дека  бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу С.И.С.(49) и М.Т.А.(42), двете од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.        

Вчера во 15 часот М.Д.А.(61) од Скопје пријавил дека околу 01 часот на подрачјето на Центар неговата малолетна ќерка била физички нападната од Ј.М..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 21:30 часот на улица „Максим Горки“ во Прилеп од полициски службеници од ОВР Прилеп е лишен од слобода Т.Н.(48) од Прилеп, затоа што по претходна расправија во нивниот дом во Прилеп физички ја нападнал неговата 35-годишна сопруга.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во 13:30 часот 54-годишен маж пријавил дека околу 13 часот на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од неговиот син Б.М.(26).

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.             

Ј.Ѓ.(49) од Крива Паланка вчера во 22:10 часот пријавила дека околу 21:30 часот во угостителски објект на подрачјето на Гази Баба, по претходни недоразбирања, била физички нападната од Д.Т.(38) од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 18 часот Р.К.(47) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Шуто Оризари неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца други малолетници.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.     

Ноќеска во 01:15 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар од полициски службеници бил приведен Д.С.(41) од Скопје, поради тоа што агресивно се однесувал кон нив додека извршувале службени дејствија.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Вчера во 19:40 часот Х.Б.(44) од Тетово пријавила дека во Тетово нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца други малолетници.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 18:20 часот Ј.Ѓ.(49) од Крива Паланка пријавила дека околу 17:30 часот на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од К.О..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 13:10 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Воспитно-поправниот дом во с.Волковија, малолетен штитеник од Скопје физички нападнал вработен во установата.

Се работи на расчистување на случајот.

Во СВР Битола вчера во 18:45 часот  било пријавено дека на паркинг на улица „Смилевски Конгрес“ во Битола, товарно возило „фиат панда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Ц.(28) од Битола, удрило во малолетен пешак од Битола.

Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани од Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидната екипа од СВР Битола.

Вчера во 18:35 часот било пријавено дека во Гостивар, во соба од објект каде престојувал под кирија, бил пронајден починат Џ.Б.(59) од Тетово.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција. 

Во Полициско одделение Новаци, вчера во 20:15 часот С.С.(58) од село Трап пријавил дека околу 14:30 час во круг на фирма во Битола, по претходна расправија, бил физички нападнат од С.В.(62) од село Добрушево.

Исто така, С.В. во 15:20 часот пријавил дека добивал закани од неговиот колега С.С. и неговата фамилија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 16:40 часот во ОВР Прилеп, М.П.(29) од Прилеп пријавил дека околу 14:40 часот пред маркет во Прилеп бил физички нападнат од Т.Н..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 13 часот во Полициска станица Струмица, И.Ц.(44) од Струмица пријавил дека околу 10:45 часот, за време на училиштен одмор во средно училиште во Струмица, каде учел неговиот малолетниот син, две лица кои ги познавал физички го нападнале.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 14 часот Џ.М.(46) од Скопје пријавил дека околу 12:45 часот на подрачјето на Бит Пазар неговиот малолетен син бил физички нападнат од две лица, од кои едното имало остар предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во Полициска станица Чаир вчера околу 13 часот, 42-годишна скопјанка пријавила дека нејзиниот поранешен сопруг, пред околу три месеци, недолично се однесувал и се соблекол пред нивните две малолетни деца, додека биле на викенд посета кај него во скопската населба Аеродром.

За случајот е известен Центарот за социјални работи и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 19:10 часот било пријавено дека во Охрид, на улица „Ванчо Питошески“, патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.М.(35) од Охрид удрило во малолетен пешак од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Ноќеска во 04:13 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на улица „Сава Михајлов“ настанал пожар на патничко возило „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на З.Р.(51) од Скопје, кое било делумно опожарено во делот кај моторот.

Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Вчеравечер (01.06.2023) околу 21:45 часот, пред угостителски објект на улица „Кеј Вардар“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 32-годишниот гостиварец А.И., кој се однесувал агресивно кон нив додека преземале службени дејства.

По целосно документирање на случајот, против А.И. ќе следува соодветен поднесок. свс/бак/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан