• сабота, 23 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 1 ноември 2023 (МИА) - ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.С.(32) од струшко село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Тој, на 19.10.2023 во семејниот дом во селото агресивно се однесувал кон неговите родители и оштетил дел од покуќнината. 

На 31.10.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 14 прекршоци од кои 10 надвор од населено место и 4 во населено место. Санкционирани биле и 18 други видови на прекршоци, од кои 6 за управување возило без возачка дозвола, 1 за нерегистрирано возило, 2 за возач почетник, 3 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон, 4 за непрописно паркирање и 1 за непрописно вградени заштитни фолии. 

На 31.10.2023 во 14.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека во Итна медицинска помош Куманово со повреди бил донесен Т.С.(56) од Куманово. Според пријавеното, тој се здобил со повредите на работното место во фабрика во село Доброшане, кумановско. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид извршиле увидна екипа од СВР Куманово и трудов инспектор. 

На 31.10.2023 во СВР Битола, С.Н.(59) од Битола пријавила дека во населба „Карпош“ во Битола  била касната од куче скитник. 
        
На 31.10.2023 во СВР Битола, Л.Д.(66) од Битола пријавил дека на ул.„Гоце Делчев“ во населба Гинимаале бил каснат од куче скитник. 

Денеска (01.11.2023) во 03.55 часот во СВР Скопје, Д.У.(20) од Скопје пријавил дека околу 02.45 часот пред угостителски објект на подрачје на Центар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 31.10.2023 во 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на угостителски објект на подрачје на Центар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.Х.(20) и Д.В.(21), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

На 31.10.2023 во 20.15 часот во СВР Скопје, Д.М.(69) од Скопје пријавил дека околу 18.30 часот во влез од зграда на подрачјето на Аеродром бил физички нападнат од неговиот сосед Д.Ј.(52) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 31.10.2023 во 15.32 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8 Септември“ било пријавено дека кај нив со повреди од физички напад бил донесен А.З.(43) од Шуто Оризари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Денеска (01.11.2023) во 00.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.С.(20) и З.В.(55), двајцата од Скопје. Исто така, во 03.00 часот во СВР Скопје, М.А.(20) од Скопје пријавила дека околу 00.30 часот на подрачјето на Карпош била физички нападната од З.В.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 31.10.2023 на ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Д.И.(31) од Прилеп затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 31.10.2023 во 05.55 часот во скопско, полициски службеници го лишиле од слобода А.Е.(24) од Скопје затоа што околу 03.00 часот физички ја нападнал и со остар предмет упатувал закани на неговата 24 - годишна поранешна партнерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Остани поврзан