• вторник, 17 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 26 мај 2024 (МИА) - На 25.05.2024 во 17.24 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на манастирски комплекс кај р.Пчиња, атар на с.Кожле, Општина Петровец, М.Д.(30) и Х.Д.Д.(18) двајцата од Дојран, А.С.(46) и еден малолетник, двајцата од Скопје, планинарејќи, залутале на стрмно и опасно место за понатамошно движење. По преземени мерки од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ во 01.55 часот лицата биле пронајдени, преземени и однесени на сигурно, во добра здравствена состојба.

На 25.05.2024 во 08.45 часот во СВР Битола било пријавено дека на стариот пат за Прилеп, во близина на „Туланата“, била пронајдена една неексплодирана граната, која била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола. Притоа, било констатирано дека станува збор за артилериска граната од 155 мм која потекнува од Првата светска војна.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против М.К.(20) и малолетник, двајцата од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Полициски службеници кај нив пронашле и одзеле хашиш и марихуана, кои претходно ги набавиле за препродажба. 

На 25.05.2024 во 17.00 часот во СВР Скопје, А.М.(38) од с.Сарај, скопско, пријавил дека околу 13.50 часот во дворот од семејната куќа на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање, тој и неговиот малолетен син биле физички нападнати од едно лице, кое притоа се заканувало со остар предмет, како и од неговиот малолетен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 25.05.2024 во 20.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор од семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар, додека В.П.(66) од Скопје косел трева со импровизирана косилка, се здобил со струен удар и починал. Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт. По насоки на јавен обвинител била извршена обдукција која ја потврдила причината за смртта, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.С.(56) од Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 25.04.2024 полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „форд транзит“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека вршел јавен превоз без да поседува соодветна лиценца.

На 25.05.2024 во 22.00 часот во СВР Скопје, М.Н.(19) од с.Стајковци пријавила дека околу 22.00 часот во с.Стајковци, нејзината малолетна сестра била физички нападната од А.Ш.(40) од с.Брест, со привремен престој во с.Мојанци, општина Арачиново, кој бил со патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 25.05.2024 во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Панде Илковски“ во Битола, при вршење на градежни работи на приватна куќа, со повреди се здобил С.А.(19) од с.Горно Оризари, битолско. Тој бил пренесен во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош. Увид извршила увидната екипа на СВР Битола, а известен е и трудов инспектор.

На 25.05.2024 во 18.40 часот во СВР Скопје, С.Т.(68) од с.Ракотинци, скопско, пријавил дека околу 15.30 часот во неговиот двор во селото, по претходна расправија, бил удрен со тврд предмет од неговиот сосед Г.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 25.05.2024 во 18.30 часот во СВР Скопје, 39-годишна жена пријавила дека околу 15.00 часот на подрачјето на Гази Баба, во своето возило била физички нападната од нејзиниот сопруг И.П.(41) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Ж.(27) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 28.03.2024 на влез во државата, при пасошка контрола и проверка, пријавениот на увид приложил фалсификувана полска возачка дозвола. 

На 25.05.2024 во 18.40 часот во СВР Скопје, Џ.М.(71) од Скопје пријавил дека околу 14.35 часот на такси станица на подрачјето на Драчево, по претходна расправија, бил физички нападнат од Е.Ј.(60) од Скопје, кој потоа со остар предмет му се заканувал нему и на неговиот син. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 25.05.2024 во 20.30 часот во СВР Струмица, С.Ѓ.(34) од с.Василево пријавил дека околу 18.00 часот пред продажно место во с.Василево бил физички нападнат од К.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 25.05.2024 во 22.20 часот во СВР Струмица, Ф.А.(37) од с.Старо Балдовци, Општина Босилово, пријавил дека околу 17.30 часот пред угостителски објект во с.Дабиле, струмичко, бил физички нападнат од Ш.С. и С.С., двајцата од Струмица, со кои имал нарушени меѓусебни односи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Д.(77), И.И.(57) и Е.З.(62), сите од с.Желино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење на службено дејствие“. На 01.02.2024 пријавените започнале расправија со вработени во Подрачно шумско стопанство Лешница, при што им упатиле закани.

Денеска (26.05.2024) во 03.00 часот во СВР Скопје, С.С.(43) од с.Батинци, скопско пријавил дека на 25.05.2024 околу 21.50 часот на подрачјето на с.Батинци, скопско, додека управувал патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, слушнал истрели по што застанал и на задниот дел на возилото забележал оштетување од огнено оружје. Повредени лица нема. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 25.05.2024 во 02.30 часот во Полициската станица Гевгелија, Љ.А.(46) од Гевгелија пријавил дека на 24.05.2024 околу 23.00 часот во Гевгелија бил физички нападнат од Д.К. и Ж.К., и двајцата од Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против С.А.(27) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 10.12.2023 бил извршен преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана. нд/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан