• среда, 25 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен
Скопје, 14 март 2022 (МИА)На 13 март 2022 во 13.00 часот на автопат А1 кај клучка Миравци, од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Богородица, лишен е од слобода Р.А.(22) од Скопје. При контрола на патничко возило „фолксваген венто“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.З.(23) од Скопје, а во кое како сопатник бил Р.А., било констатирано дека се бара во врска со сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, казниво по чл.418-б од Кривичниот законик. Имено, за него постои основано сомневање дека превезувал 15 лица мигранти од Сомалија, Пакистан Египет и Алжир, меѓу кои тројца малолетници, кои во 06.00 часот биле пронајдени од страна на полициски службеници во близина на с.Давидово, во возило „порше каен“, со прилепски регистарски ознаки. По насоки на Јавен обвинител, лицата мигранти се спроведени во Транзитен центар Винојуг Гевгелија, а Р.А. е приведен и во ОВР Гевгелија и по документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок. На 13 март 2022 полициски службеници од Полициската станица од Велес го лишиле од слобода А.С.(29) од Гостивар, со престој во Велес. Тој се барал по распишана централна потерница од ОВР Гостивар, на барање на Основен суд Гостивар за издржување на казна затвор. Лицето е приведено во полициска станица и ќе биде спроведено во Казнено-поправната установа Затвор – Тетово за издржување на казната. На 13 март 2022 од страна на Единицата за внатрешни работи - Одделение за криминалистички работи Ѓорче Петров и Полициското одделение Сарај биле лишени од слобода Ј.И.(20) и Ф.И.(23), двајцата од с.Глумово, скопско. Во 14.10 часот тие биле затекнати при извршување на две кривични дела тешки кражби од градежни машини, сопственост на две правни лица кои изведуваат градежни работи во атарот на с.Горна Матка. Тие биле приведени и со нив бил извршен службен разговор, а украденото е одземено од нив и ќе биде вратено на оштетените. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветна кривична пријава. На 13 март 2022 околу 13.40 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, на ул.„Панче Поповски“ во Гостивар, го лишиле од слобода С.П.(29) од кичевското село Осој, поради сомнение дека пред тоа во Гостивар измамил двајца гостиварци и од нив зел пари за наводна услуга, доведувајќи ги во заблуда со пласирање на идентична лажна приказна. Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок. На 13 март 2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 77 возачи, од кои 37 санкции се изречени на територија на Ресен, 19 на територија на Битола, 11 санкции на територијата на Прилеп, 7 во Крушево и 3 санкции во Демир Хисар. На 13 март 2022 во 13.19 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Добривое Радосављевиќ“ и ул.„Рузвелтова“ во Битола патничко возило „форд галакси“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Г.(48) од Битола удрило во М.К.(78) од Битола. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола. На 13 март 2022 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 58 прекршоци, од кои 30 во населено место и 28 надвор од населено место. Санкционирани биле и 32 други видови на прекршоци, од кои 17 за управување возило без возачка дозвола, 4 за нерегистрирано возило, 6 за управување возило под дејство на алкохол, 2 за некористење сигурносен појас и 3 за непрописно паркирање. На 13 март 2022 околу 01.00 часот во угостителски објект во Неготино, по извршената контрола од полициски службеници на ОВР Неготино, бил приведен малолетник, кој покажал вакцинален сертификат од друго лице. По документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок. см/

Остани поврзан