• недела, 24 ноември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен
Скопје, 11 октомври 2021 (МИА) - На 11.10.2021 во 02.30 часот во Тетово на ул.„Маршал Тито“, од полициски службеници од СВР Тетово биле лишени од слобода Б.А.(36) и М.С.(29), двајцата од Тетово, затоа што кај нив била пронајдена бела прашкаста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 10.10.2021 во 11.45 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“ на влез во државата, по извршена пасошка контрола на С.Е.(26) од Р.Албанија, било констатирано дека во службената евиденција е со мерка „апси“, по барање на Интерпол-Германија. Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.
На 11.10.2021 во 02.15 часот од полициски службеници од Полициската станица Делчево, поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.123, а во врска со чл.19 од Кривичниот законик „убиство во обид“, лишена од слобода била А.О.(30) од Р.Албанија, а со место на живеење во с.Тработивиште, делчевско. А.О. кривичното дело го сторила во 2016 година. Таа била задржана во полициска станица за понатамошна постапка.
На 10.10.2021 во 23.45 часот било пријавено дека во с.Арачиново, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф караван“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(28) од с.Арачиново, скопско и „фолксваген голф 3“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(23) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „голф 3“, А.М.(54) од Скопје, додека со телесни повреди се здобиле малолетна сопатничка и сопатник И.Ш.(20) од истото возило, како и двајцата возачи, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 10/11.10.2021 во периодот од 23.00 до 04.00 часот беше спроведена акциска контрола на подрачјето на СВР Тетово за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Притоа откриени и санкционирани биле вкупно 11 возачи, од кои шест на тетовско подрачје и пет на гостиварското подрачје. Исто така, констатирани биле 16 други сообраќајни прекршоци, од кои 11 на тетовското подрачје и пет на гостиварското подрачје.
На 10.10.2021 во 19.10 часот било пријавено во Тетово на бул.„Илинденска“ патничко  возило „пежо“ удрило во пешакот С.И.(73) од Тетово по што го напуштило местото на несреќата. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово и се работи на расчистување на случајот.
На 10.10.2021 во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, на територијата на град Скопје изречени се вкупно 197 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 53, 29 санкции за возење без возачка дозвола, 14 за возење под дејство на алкохол, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, седум за возач почетник, девет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 32 мерки за непрописно паркирање.
На 10.10.2021 во 17.10 часот било пријавено дека во Скопје на бул.„Никола Карев“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел вектра“, управувано од О.Б.(33) од Скопје и патничко возило „форд фокус“, управувано од  Ј.Г.(41) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „форд фокус“, С.А.(71) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот Ј.Г., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Скопје.
На 10.10.2021 во 10.00 часот во Полициската станица Аеродром, Г.П.(53) од Скопје пријавила дека на бул.„Трета македонска бригада“ била касната од куче скитник.
Во текот на изминатото деноноќие (10.10/11.10.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 29 прекршоци. ац/

Остани поврзан