• четврток, 26 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен
Скопје, 16 септември 2022(МИА)-На 15.09.2022 во 17.00 часот во с.Герман, општина Ранковце, полициски службеници од Полициското одделение Ранковце ја лишиле од слобода В.С.(34) од Скопје, со живеалиште во Гевгелија. Таа била барана по наредба од Основен суд Гевгелија за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 201 од Кривичниот законик. В.С. била спроведена во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.Денеска (16.09.2022) во 08.40 часот на улица „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, со судска наредба, го привеле 45-годишниот гостиварец С.А. за издржување затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.  На 14.09.2022 во 14.50 часот на ул.„Филип Втори Македонски" во Битола, полициски службеници од Криминалистичка полиција и Полициска станица за безбедност на сообраќајот  при СВР Битола го лишиле од слобода Х. В (52) од с. Канатларци, прилепско. Тој бил затекнат при извршување тешка кражба од трансформатор. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. Кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од други кривични дела, кои, исто така, биле вратени на сопствениците. Лицето било приведено во полициска станица и во службен разговор признал уште 13 кривични дела „тешка кражба“. По целосно документирање против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 15.09.2022 околу 16.30 часот на ул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода малолетник од Битола. Тој бил затекнат при обид да одземе пари од каса на продажен објект. Парите му биле одземени и вратени на сопственикот. Кај него биле пронајдени и предмети кои потекнуваат од други кривични дела сторени во Скопје и Битола, кои, исто така, биле вратени на сопствениците. За настанот бил известен Јавен обвинител и социјален работник од Центарот за социјални работи Битола, кој го презел и однел во неговиот дом во Битола. По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.    На 15.09.2022  на  ул.„Карпош” во Битола, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Битола го лишиле од слобода С.К.(34) од Ресен затоа што кај него бил пронајден и одземен амфетамин. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.  На 15.09.2022 во 22.50 часот на улица „107“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода А.К.(21) и А.О.(19), двајцата од Тетово, затоа што кај нив биле пронајдeни и одземени  марихуана и нож. По целосно документирање на случајот против двајцата ќе следуваат соодветни поднесоци. На 15.09.2022 во 13.30 часот во с.Ранковце, полициски службеници од Полициското одделение Ранковце го лишиле од слобода Г.И.(23) од  Романија. Тој се сомничи дека истиот ден измамил 74-годишен маж од Крива Паланка за сума од 700 евра. Како што е пријавено, тој се претставил дека е претставник на компанија за брендирани производи за домаќинство и се договориле за сумата да му продаде некои производи. Откако Г.И. заминал оштетениот забележал дека производите не се од компанијата, односно не се оригинали, по што настанот го пријавил во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Во текот на вчерашниот ден (15.09.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 269 возачи. Од нив 13 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 158 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 111 надвор од населено место. Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.  На територија на град Скопје изречени се вкупно 155 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 27 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, пет мерки за возење под дејство на алкохол. Изречени се 11 мерки за нерегистрирани возила, шест санкции за возач почетник, пет санкции за користење мобилен телефон, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)...  На 15.09.2022 во периодот од 08.00 до 12.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на возила и возачи на територијата на Република Северна Македонија. Притоа, 133 возила биле упатени на технички преглед и кај 33 биле констатирани вкупно 48 технички неисправности(20 неисправни уреди за сопирање, шест со измината важност на сообраќајна дозвола, четири неисправни светлосни уреди, осум неисправни составни делови...). Исто така, кај 46 возачи биле констатирани прекршоци(29 - бесправно управување на возило, 13 - неносење возачка дозвола, два – управување возило со впишана забрана за управување возило, еден – управување возило по дејство на алкохол и еден – возач почетник кој не се придржувал на законските ограничувања.  Преземени се мерки и против 60 непрописно паркирани возила, а откриени биле и 160 останати прекршоци. За сите констатирани прекршоци изречени се соодветни санкции. На 15.09.2022 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 25 прекршоци, од кои 18 во  населено место и 7 надвор од населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Истиот ден, во периодот од 08.00 до 12.00 часот спроведена е акциска контрола на возила и возачи на подрачјето на СВР Штип. Притоа 32 возила биле упатени на технички преглед и кај 6 биле констатирани технички неисправности (1 неисправни уреди за сопирање, 3 неисправни светлосни уреди, 1 со измината важност на сообраќајната дозвола и 1 нерегистрирано возило). Исто така, кај 11 возачи биле констатирани прекршоци ( 9 бесправно управување на возило и 2 неносење возачка дозвола. Преземени се мерки и против 3 непрописно паркирани возила. За сите констатирани прекршоци изречени се соодветни санкции. Во текот на вчерашниот ден (15.09.2022) на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 18 возачи кои ја пречекориле брзината во населено место .На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. На 15.09.2022 во 09.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на сервисна улица од бул.„Асном“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мини купер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.(38) од Скопје и електричен тротинет управуван од П.Ѓ.(23) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тротинетот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.На 15.09.2022 во 11.00 часот во СВР Скопје, Р.В.(76) од Скопје пријавил дека на 13.09.2022 околу 12.30 часот на ул.„11-ти Октомври“ во Скопје бил удрен од патничко моторно возило, кое го напуштило местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот. На 15.09.2022 во 20.28 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.“Крушевска република“ во Битола, патничко моторно возило „фиат пунто“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.К.(65) од с.Породин, битолско, удрило во велосипед управуван од малолетник од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничка болница во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Остани поврзан