• среда, 25 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 8 мај 2022 (МИА) - Ноќта помеѓу 07.05./08.05.2022, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршиле контроли во повеќе угостителски објекти и прегледи на повеќе лица. Притоа, кај 12 лица од Скопје, Битола, Прилеп и Велес биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја, кои биле лишени од слобода. Имено, кај М. Ј.(24) од Прилеп, А.С.(23) од Скопје, С.Л.(48) од Скопје, К.Т.(24) од Велес, Б.С.(25) од Скопје, П.Р.(23) од Скопје, Т.В.(24) од Скопје и С.Ј.(33)од Скопје била пронајдена бела прашкаста материја, додека кај М.К.(26)  од Скопје, Н.Н.(22) од Битола, А.Б.(26) од Скопје и А.Б.(25) од Скопје била пронајдена марихуана. Лицата биле приведени и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 08.05.2022 во 00.05 часот во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола –  Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп го лишиле од слобода  И.А.(36) од Прилеп. При контрола во негов угостителски објект во Прилеп била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава.

На 07.05.2022 во 22.15 часот во с.Боговиње, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.А.(26) од с.Боговиње поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „приредување на игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган“ по член 156 став 3 од Закон за игри на среќа. При контрола во објект без фирма во селото, извршена во содејство со УЈП Тетово, кај него и во објектот биле пронајдени и одземени 6455 евра, 220 британски фунти, 200 швајцарски франци, 4100 денари, три мобилни телефони, список со 387 клиенти и други предмети кои потекнуваат од кривично дело. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.   

На 08.05.2022 во 01.30 часот на улица „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода Х.А.(52) од Гостивар затоа што кај него биле пронајдени пиштол  марка „Екол Волга“ и една празна рамка. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во текот на вчерашниот ден (07.05.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 232 возачи. Од нив 33 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час. Притоа, 60 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 172 надвор од населено место.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (07.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 35 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 16 санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се 43 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, две мерки за користење на мобилен телефон, две санкции за прекршоци што ги прават пешаците, 21 за непрописно паркирање...

Во текот на изминатата вечер 07/08.05.2022 во периодот од 22.00 до 04.00 часот на подрачјето на СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 35 возачи. Најголемиот број од санкционираните се на подрачјето на Битола – 12, на подрачјето на Прилеп – девет, по пет на подрачјето на Ресен и Демир Хисар...

Во текот на вчерашната вечер (07/08.05.2022) во периодот од 22.00 до 03.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол на територија на Илинден, при што санкционирани се вкупно 12 возачи. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

На 07.05.2022 во 21.42 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Филип Втори Македонски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Фиат Пунто“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(31) од с.Долно Оризари, битолско и патничко возило „Шкода Октавија“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.Х.(62) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.Х.(53) од Битола, сопатничка во возилото „Шкода Октавија“, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

На 07.05.2022 околу 20.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека во с.Романовце, кумановско, патничко возило „БМВ“ со непознати регистарски ознаки удрило во пешакот С.С.(67) од с.Романовце и го напуштило местото. Во несреќата С.С.се здобил со тешки телесни повреди  констатирани во Општа болница Куманово. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

На 07.05.2022 во 09.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на крстосница помеѓу магистрален пат А2 и бул.„Ослободување“ во Кичево, патничко возило „Пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано И.Ј.(65) од Кичево, удрило во пешакот Р.С.(77) од Кичево. Во несреќата Р.С. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Медицински центар Кичево. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кичево.   

На 07.05.2022 во 09.45 часот во Полициската станица Гази Баба, В.О.(39) од Скопје пријавил дека на ул.„519“ во н.Керамидница бил каснат од куче скитник.

На 07.05.2022 во 20.55 часот во Полициската станица Карпош, С.Т.(55) од Скопје пријавила дека на бул.„Партизански Одреди“ била касната од куче кое било со сопственик. По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. ац/

Остани поврзан