• среда, 25 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)
Скопје, 2 септември 2022(МИА)-Денеска (02.09.2022)  во 13:15 часот на ул.„Темко Попов“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.М.(47) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница поради бегство од Казнено-поправната установа затвор Идризово - Скопје и за доиздржување затворска казна од четири години и шест месеци, а бил осуден на казна затвор од шест години и 10 месеци за сторени кривични дела по член 237 и член 215 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната установа за доиздржување на затворската казна. На 01.09.2022 во 19.50 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишиле од слобода Н.И.(23) од кичевското село Србјани и А.Л.(24) од Струмица. При претрес во дом во Кичево, што привремено го користела А.Л., извршен со судска наредба и во присуство на адвокат, полициските службеници го затекнале Н.И. и кај него пронашле и одзеле кокаин. Од А.Л. била одземена една дигитална вага и други предмети кои потекнуваат од кривичното дело. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. По преземени мерки и активности, СВР Штип расчисти две кривични дела сторени на 29.08. и 30.08.2022 во Штип и поради сомнение дека ги сторил делата од слобода бил лишен Р.Е.(37) од Штип, кој користел викенд отсуство од Казнено-поправната установа Затвор Штип, каде што издржувал затворска казна. Тој се сомничи дека на 29.08.2022 на ул.„Сутјеска“ се обидел да одземе накит од жена од Штип и дека на 30.08.2022 на ул.„Христијан Карпош“ со употреба на сила од жена од Штип одзел накит. Лицето било задржано во полициска станица и во службен разовор ги признало делата. Додека, при претрес во неговиот дом во Штип, извршен со судска наредба, биле пронајдени одземените предмети. Р.Е. бил спроведен во установата за доиздржување на казната, а по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 02.09.2022 во 02.16 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор на ул.„19“во нас.Ченто-Скопје, настанал пожар во патничко возило „мерцедес“, сопственост на И.Б.(40) од Скопје. Повредени лица нема. Увид бил извршен.Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против З.М.(42) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично  дело „загрозување на животната средина и природата со отпад". На 15.02.2022, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државен инспекторат за животна средина извршиле контрола на  импровизирано и  нерегистрирано место за откуп и продажба на секундарни суровини лоцирано на влезот во општина Арачиново и го затекнале  пријавениот З.М. како во моментот на контролата неовластено тргува со отпад без да е регистриран во Централен регистар како правно лице и без да поседува Дозвола за вршење на дејност -Складирање и третман  на отпад издадена од Министерството за животна средина.   На 01.09.2022 околу 17.30 часот на магистралниот пат Демир Капија-Удово, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ дале знак за запирање на патничко возило „бмв“ со француски национални ознаки, но возилото не застанало и продолжило во правец кон Неготино. Набргу, кај крстосница Прждево, возилото било пронајдено и во него биле затекнати 11 лица мигранти (9 од Сирија и 2 од Пакистан). Извршен бил увид и за настанот бил известен Јавен обвинител. Се работи на расчистување на случајот.  Денеска (02.09.2022) во 06.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат што ги поврзува тетовските села Требош и Џепчиште, патничко моторно возило „сеат ибица“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот Т.К. од тетовски Порој, излетало од коловозот. Во несреќата, возачот кој бил сам во возилото, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница. Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле увид на местото на несреќата. ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Д.Б.(29) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотички дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При преглед во патничко возило во кое се превезувал пријавениот, извршен во близина на кичевското село Свињишта, полициските службеници пронашле и одзеле кокаин. На 01.09.2022 во 19.30 часот во Полициската станица Куманово, 63-годишен жител на Куманово пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 12.200 денари. Според пријавеното, додека продавал на својата тезга на Градскиот зелен пазар во Куманово, лицето побарало од него да купи производи, но му кажало дека има само евра. Како што е пријавено, откако тој му дал денари, лицето не му ги дало еврата и побегнало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 01.09.2022 во 12.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека во тетовската Клиничка болница бил донесен починат 22-годишниот Е.И. од тетовско Боговиње. Според пријавеното, тој се здобил со повредите од кои починал додека извршувал градежни работи на училишен објект во тетовско Камењане. Увид на местото извршиле Јавен обвинител, екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово и инспектори за безбедност и здравје при работа од Подрачна единица Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  На 01.09.2022 во 22.49 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од воздушна пушка во ногата била донесена А.М.М.(26) Скопје, со кои се здобила додека се движела пеш од ул.„Стале Попов“ кон ул.„Пролет“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 02.09.2022 во 00.03 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, М.Т.(24) од с.Волково, скопско, пријавил дека во неговиот двор било фрлено шише со запалива течност од која настанал пожар на церадата со која било покриено неговото возило „пежо 307“ со скопски регистарски ознаки. Според пријавеното, огнот сам се изгасил, а повредени лица нема. Се работи на расчистување нас лучајот. На 01.09.2022 во 14.23 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на неговата мајка бил пронајден починат М.Д.(38) од Скопје. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. На 01.09.2022 околу 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Трета Македонска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(55) од Скопје, патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ц.(21) од Скопје и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(38) од Скопје. Во незгодата, М.А.и Ј.Ц. се здобиле со повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.  На 02.09.2022 во 01.10 часот во Полициската станица Центар, A.Д.Л.(52) од САД пријавил дека на 01.09.2022 околу 23.50 часот пред угостителски објект на подрачје на Центар - Скопје тој и И.Е.К.(53) од САД биле физички нападнати од С.С.(31) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 01.09.2022 во 16.00 часот во Полициската станица Гази Баба, А.Б.(27) од Скопје пријавила дека во 15.00 часот во с. Инџиково, скопско, таа и Г.Ј.(33) од Косово, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  На 01.09.2022 во 14.20 часот во Полициската станица Центар, Т.Ј.(26) од Скопје пријавила дека околу 14.00 часот пред Основен кривичен суд Скопје била физички нападната од едно женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 01.09.2022 околу 04.00 часот во Полициската станица Чаир, Б.Д.(31) од Скопје пријавил дека на паркинг простор на подрачје на Чаир настанал пожар во неговото возило „ауди а4“. Извршен е увид. На 01.09.2022 во 19.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека во с.Визбегово, скопско, едно лице со закана кон вработените одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава година против А.Ј.(20) од Богданци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 06.08.2022, таа се договорила со женско лице од Гевгелија, со такси возило да и прати злато со вкупна тежина од 32,48 грама, кое пријавената требало да го пречека во Скопје, да го стави во залог кај нејзин пријател и со истото такси возило да се врати во Гевгелија и да и донесе пари. Такси возачот и го предал пакетот на пријавената, која истиот ден го продала во златарница. До моментот на поднесување на пријавата оштетената не ги добила паричните средства. СВР Велес поднесе кривична пријава против Д. Р.(20) од Велес и В. М.(21) од с.Раштани, велешко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На 27.12.2021 во Велес, полициски службеници ги забележале пријавените како од патничко возило „фиат пунто“ фрлиле амфетамин, а подоцна при извршен преглед кај нив, кај Д.Р. била пронајдена и одземена марихуана.СВР Велес поднесе кривична пријава против Т.Т.(40) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На 29.08.2022 во Велес, полициски службеници извршиле преглед во патничко возило „фолксваген голф“, управувано од пријавениот, при што кај него бил пронајден и одземен кокаин.

Остани поврзан