МВР Билтен (ДПЛ)
- Од нив биле одземени предмети кои потекнуваат од ова и други кривични дела и биле вратени на сопствениците. Лицата биле приведени во полициска станица, против нив е поднесена кривична пријава
Скопје, 22 септември 2022 (МИА) - На 21.09.2022, полициски службеници од Полициската станица Штип ги лишиле од слобода С.Е.(19) и С.М.(18), двајцата од Штип. Тие се сомничат дека во периодот од 02:00 до 03:00 часот физички го нападнале О.Ј.(21) од Штип во неговиот дом и одзеле накит и други предмети. Исто така, тие се сомничат дека во текот на денот и домот на М.М.(36) од Штип одзеле личен предмет. Од нив биле одземени предмети кои потекнуваат од ова и други кривични дела и биле вратени на сопствениците. Лицата биле приведени во полициска станица, против нив е поднесена кривична пријава и тие се изведени пред судија на претходна постапка.
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Д.(35) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци". Пријавениот неовластено задржал лична карта на негов пријател и, искористувајќи ја физичката сличност со него и претставувајќи се во негово име, на шалтер во филијала на банка во општина Бутел од неговата трансакциска сметка подигнал 50.000 денари.
Денеска од 06:00 до 10:00 часот на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола со која беа опфатени возила кои вршат јавен превоз на патници, најмногу автобуси и такси комбиња. При контролата, откриено е едно технички неисправно возило (ТЕ), кое имало неисправни сопирачки. Покрај тоа, санкционирани се и две возила (ТЕ-1 и ГВ-1), кои не ги поседувале потребните документи за вршење на јавен превоз. Технички неисправното и возилата без документи биле исклучени од сообраќај и им биле изготвени соодветни поднесоци. Во денешната контрола откриени и санкционирани, исто така, биле и осум други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-7 и ГВ-1).
Синоќа во 20:40 часот на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Е.А.(19) од Штип, затоа што околу 16:00 часот на ул.„Пелагонија“ во Шуто Оризари – Скопје со остар предмет ја нападнал неговата 18-годишна љубовна партнерка и ѝ нанел расекотини. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Секторот за внатрешни работи Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против З.Д.(34) од с.Оптичари, битолско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На 20.06.2020, полициски службеници од Одделение за криминалистичка полиција при СВР Битола извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле марихуана.
Вчера во 18:45 часот на ул.„Ферид Мурати“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје. Тој се сомничи дека околу 17:50 часот на ул.„Никола Грчето“ со остар предмет нападнал друг малолетник од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Синоќа во 11:15 часот во Полициското одделение Сарај, З.М.(44) од с.Радуша, скопско, пријавил дека околу 10:00 часот во близина на рудник во Радуша бил физички нападнат од Ф.С.(57) и Р.И.(38), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Утрово во 00:45 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.М.(33) од Скопје пријавил дека на 21.09.2022 околу 20:20 часот во угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат со тврд предмет од Б.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 20:37 часот во СВР Скопје било пријавено дека дека во куќа на ул.„Кленоец“ бил пронајден починат О.Д.Х(57) од Сојузна Република Германија, со престој во Скопје. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против С.И.(49) од с.Гарани, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 18.05.2021 на бул.„Ослободување“ во Кичево, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот и претрес во неговиот дом, при што пронашле и одзеле марихуана.
Синоќа во 21.20 часот, Ш.С.(41) од Кичево во полициска станица пријавил дека неговиот малолетен син на улицата „Мемедалија Велиоски“ во Кичево бил каснат од куче скитник. Истиот ден, Е.А.(57) од Кичево пријави дека на улицата „Раим Лика“ во Кичево, додека возел велосипед, бил нападнат од кучиња скитници, при по што паднал и се повредил.
Вчера во 13:00 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Р.М.(15), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Синоќа во 22:50 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека во домот во населба Ќерамидница-Скопје бил пронајден починат М.П.(70) од Скопје. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.Р.(39) година во с..Врапчиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 27.07.2022 во с.Врапчиште, на регионалниот пат с.Градец-Гостивар, пријавениот со тврд предмет го нападнал А.М.(69) и со остар предмет го оштетил неговото возило.
Вчера во 08:00 во Полициската станица Чаир, М.Б.(46) од Скопје пријавила дека на 20.09.2022 околу 22:00 часот залутано зрно од огнено оружје паднало на кровот од помошната просторија во нејзиниот дом на подрачјето на Чаир. Повредени лица нема, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, која го подигнала зрното за понатамошна постапка.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.(36) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство”. На 28.08.2022 во јавна здравствена установа во Делчево, пријавениот физички нападнал лекар кој извршувал службени задачи.фф/