• понеделник, 16 декември 2024

Мбапе ја презеде одговорноста за поразот од Атлетик

Мбапе ја презеде одговорноста за поразот од Атлетик

Мадрид, 5 декември 2024 (МИА) - Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе се смета за виновен за поразот од Атлетик (1:2) синоќа во одложениот натпревар од 19. коло на шпанскиот шампионат. Французинот промаши пенал во 68. минута.

- Лош резултат. Направив голема грешка на натпревар каде што секој детал е важен. Ја преземам целосната одговорност за ова. Тежок момент е, но сега е време да ја сменам ситуацијата и да покажам кој сум, напиша Мбапе на социјалната мрежа.

Дваесет и петгодишниот Французин го промаши вториот пенал во низа. Претходно не успеа да постигне гол од пенал на натпреварот од Лигата на шампионите против Ливерпул (0:2) на 27 ноември.

Реал е на 2. место во шпанското фудбалско првенство со 33 бодови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан