• вторник, 23 јули 2024

Мбапе избран за трет заменик капитен на ПСЖ, Маркињос останува капитен

Мбапе избран за трет заменик капитен на ПСЖ, Маркињос останува капитен

Париз, 23 август 2023 (МИА) - Килијан Мбапе ќе биде еден од заменик капитените на Пари Сен-Жермен оваа сезона.

 

„RMC Sport“ пренесува дека играчите на тимот учествувале во тајно гласање по кое дефанзивецот Маркињос останал капитен на тимот.

 

Фудбалерите решија да спроведат анкета за тоа како да се избира капитенот. Ова одлука не им се допадна на сите во ПСЖ, вклучувајќи ги и менаџерите.

 

Во вторникот изборите се одржаа во построга и анонимна форма, а Маркињос ја задржа капитенската лента. За прв заменик капитен е избран Данило Переира, втор Преснел Кимпембе и трет Килијан Мбапе. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан