• сабота, 23 ноември 2024

Мајчината душичка - совршен лековит украс за домот

Мајчината душичка - совршен лековит украс за домот

Скопје, 31 јyли 2024 (МИА) - Мајчината душичка не е само чај и зачин во јадењата, туку и прекрасен украс на терасата, велат познавачите. Ова растение, по потекло од средоземноморските земји, едноставно освојува со многубројните благодети.

Покрај тоа што традиционално се користи во исхраната, познато е дека оваа билка од семејството Labiatae е и лековито растение без штетни состојки. Особено лековити се нејзините цвет и лист. Со своите миризливи цветни гроздови во розови нијанси, мајчината душичка е идеална за на балкон, тераса, трем итн. Нејзиниот низок раст ја прави совршен избор за пополнување мали катчиња.

Мајчина душичка се бере од мај до септември, и мора да се исече правилно, со нож или ножици, за да се зачува нејзиниот лековит дел. Искористувајќи ја моќта на билката и како лековито, и како украсно растение, како што пишува „Н-1“, целосно се ужива во нејзините многубројни благодети. си/рп/

Фото: Википедија

Остани поврзан