• сабота, 21 декември 2024

Мајк Џејмс најдобар стрелец во историјата на Евролигата

Мајк Џејмс најдобар стрелец во историјата на Евролигата

 

Монако, 7 март 2024 (МИА) – Кошаркарот на Монако, Мајк Џејмс, од вечерва е најдобар стрелец во историјата на Евролигата, истиснувајќи го од врвот досегашниот рекордер, легендарниот Грк Василис Спанулис.

Во дуелот од 28 коло во Евролигата, Монако ја совлада Црвена ѕвезда со 98-80, а Џејмс постигна 20 кошеви и со тоа дојде до бројката од вкупно 4.464 поени во Евролигата. Рекордот досега го држеше Спанулис со 4.455 поени во елитното европско натпреварување.

За да го собори рекордот на Спанулис на Џејмс вечерва му беа потребни 12 поени, а целта ја постигна веќе во првото полувреме во кое запиша 13 поени.

Во моментот кога Џејмс го урна рекордот на Спанулис натпреварот во Монако накратко беше прекинат и беше извршена кратка церемонија на која на 33-годишниот Џејмс му беше подарена топката со која го постигна кошот за истлорија. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан