„Мајкрософт“ најави можности за игри на „Тимс“
- „Хало“ и „Форца“ нема да може да се играат преку „Тимс“ засега, но потегот на „Мајкрософт“ јасно покажува дека се обидуваат да го подобрат користењето на оваа програма. Покрај деловната комун

Стокхолм, 15 јуни 2022 (МИА) - „Мајкрософт“ работи на тоа да ги направи и видеоигрите достапни преку својата услуга „Мајкрософт тимс“. Според извори блиски до компанијата, таму почнале со тестирање игри како „Солитер“, „Конеклт 4“ и „Вордамент“ во рамките на платформата за интернет-комуникација.
Јасно е дека игрите како „Хало“ и „Форца“ нема да може да се играат преку „Тимс“ засега, но потегот на „Мајкрософт“ јасно покажува дека се обидуваат да го подобрат користењето на оваа програма. Покрај деловната комуникација, целта е да се понуди и забава, односно да се урамнотежат потребите од далечинско работење.
Засега се тестираат само едноставни „кажуал гејмс“ игри, па и не е сигурно дека ќе им биде понудена интеграција на корисниците. Засега нема официјален коментар од компанијата.
Дополнително, „Мајкрософт“ размислува за виртуелен простор во „Тимс“ како дел од евентуален метаверзум, а претходно беа објавени и новитети за 3-Д аватари и неколку други нови искуства. Компанијата континуирано додава новитети во далечинското работење. си/