• недела, 15 декември 2024

„Мајкрософт“ воведува новости на „Фон линк“

„Мајкрософт“ воведува новости на „Фон линк“

Лос Анџелес, 13 декември 2024 (МИА) - „Мајкрософт“ почна со тестови на одредени подобрувања на својата апликација „Фон линк“ (Phone Link) за корисниците на паметните телефони „Ајфон“ (iPhone).

Така, платформата „Виндоус инсајдерс“ (Windows Insiders) може ексклузивно да го испроба новиот начин за споделување датотеки од телефон на компјутер и обратно, со што искуството ќе биде слично на споделување датотеки со уред со „Андроид“ (Android), така што споделувањето е достапно и со оперативниот систем „ИОС“ (iOS).

„Мајкрософт“ постојано го подобрува „Фон линк“, па минатата година се појави и надградбата за испраќање и примање пораки преку „Ајмесиџ“ (iMessage). Но, дури и оваа интеграција е ограничена и поддржува испраќање и примање пораки само за еден контакт, а не и за групи.

Најновото ажурирање за споделување датотеки треба да биде достапно и за сите корисници на „Фон линк“ наредниве месеци.  си/са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан