• вторник, 24 декември 2024

Мајкл Медсен приведен за семејно насилство

Мајкл Медсен приведен за семејно насилство

Лос Анџелес, 20 авгyст 2024 (МИА) - Американскиот глумец Мајкл Медсен е приведен поради обвинувања за семејно насилство, по наводно „недоразбирање“ што го имал со сопругата Деана Медсен. Ослободен е откако платил кауција од 20.000 долари.

- Тоа беше недоразбирање меѓу Мајкл и неговата сопруга, коешто, се надеваме, ќе има позитивен крај, изјави менаџерот на Медсен за „Варајети“ (Variety).

Ѕвездата од „Убиј го Бил“ 1. и 2. дел, „Омразните осум“, „Дони Браско“, „Касапски кучиња“ и „Градот на гревот“, годинава е актуелен со неколку филмови. Според ИМДБ, оценки над 5 / 10, имаат: „Подготви се да умреш“ (Prepare to Die), „Југот на Улицата на надежта“ (South of Hope Street), „Последниот облог“ (Final Wager), а следува и трилерот „Макс Дејган“ (Max Dagan).  си/

Фото: ИМДБ

Остани поврзан