• среда, 27 ноември 2024

Маја Санду победи на претседателските избори во Молдавија

Маја Санду победи на претседателските избори во Молдавија

Кишињев, 4 ноември 2024 (МИА) – Претседателката на Молдавија, Маја Санду, освои втор мандат, соопшти изборната комисија на земјата.

Со повеќе од 98 отсто преброени гласови од вториот круг на изборите за претседател што се одржа вчера, Санду обезбеди околу 54 отсто од гласовите, според прелиминарните резултати на комисијата.

- Молдавија, денес вие сте победници. Заедно, ја покажавме силата на нашето единство, демократија и посветеност на достоинствена иднина, напиша Санду на Х доцна синоќа.

- Ви благодарам, драги Молдавци, дома и во странство. Чекорете со гордост – вие сте слобода, надеж и издржливост. Горда сум што ви служам на сите вас, нагласи таа.

Ривалот на Санду, поранешниот јавен обвинител Александр Стојаногло, кој се сметаше за проруски кандидат, освои околу 45 отсто од гласовите.

Излезноста на гласачите во земјата, растргната меѓу Европската унија и Русија, беше поголема отколку во првиот круг на 20 октомври, и гласаа повеќе од 54 отсто од избирачите.

Илјадници Молдавци кои живеат во странство, најмногу во ЕУ, како и оние кои живеат во отцепениот регион Придњестровје, исто така, гласаа во вториот круг, пренесе ДПА. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан