• среда, 25 декември 2024

Маја: За отповикување на Болсонаро кога ќе дојде време

Маја: За отповикување на Болсонаро кога ќе дојде време
Бразилија, 2 јуни 2020 (МИА) - Претседателот на долниот дом на бразилскиот Конгрес, Родриго Маја изјави дека „кога ќе дојде време за тоа“, тој ќе одлучи дали ќе поведе постапка за да се отповика претседателот Жаир Болсонаро поради неговото управување со кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот. Како што пренесуваат странските агенции, Маја изјавил дека не ја исклучува можноста за започнување ваква постапка, но дека во моментов главниот приоритет на земјата е борбата против епидемијата на вирусот. Тој додаде дека не би сакал да „долева масло на огнот“ за време на сегашната состојба со коронавирусот во Бразил. Против Болсонаро се водат речиси 30 истраги за неговите прекршувања, кои, меѓу другото, се однесуваат на учество во активности против Конгресот и Сенатот, како и говори поврзани со пандемијата на коронавирусот, потсетуваат бразилските медиуми. паг/  

Остани поврзан