Мајами се договори со Хиро за четиригодишна соработка
- Кошаркарот на Мајами хит, Тајлер Хиро, се согласи на повеќегодишно продолжување на договорот со клубот.

Мајами, 3 октомври 2022 (МИА) – Кошаркарот на Мајами хит, Тајлер Хиро, се согласи на повеќегодишно продолжување на договорот со клубот.
Според претставниците на Хиро, новиот договор е дизајниран за четири години, за време на кои кошаркарот ќе заработи 130 милиони долари.
Хиро беше избран од Мајами хит како 13-ти пик на драфтот во 2019 година.
Минатата сезона Хиро беше прогласен за најдобар шести играч во НБА-лигата. зс/