• сабота, 23 ноември 2024

Машкиот ракометен Мундијал 2029 во Франција и Германија, женскиот во Шпанија

Машкиот ракометен Мундијал 2029 во Франција и Германија, женскиот во Шпанија

 

Кретил, 16 април 2024 (МИА) – Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) денеска во францускиот град Кретил ги одреди домаќините на светските првенства во машка и женска конкуренција во 2029 и 2031 година.

Домаќини на машкиот Мундијал во 2029 ќе бидат Германија и Франција, додека Светското првенство 2031 заеднички ќе го организираат Данска, Исланд и Норвешка.

Последното Светско првенство за ракометари се одржа минатата година во Шведска и Полска, а селекцијата на Данска во финалето ја победи Франција.

Светското првенство за ракометарки во 2029 ќе се одржи во Шпанија, додека домаќини на женскиот ракометен Мундијал во 2031 ќе бидат Чешка и Полска. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан