• сабота, 23 ноември 2024

Мачор преживеал 30 минути перење во машина

Мачор преживеал 30 минути перење во машина
Дњепар, 28 јануари 2022 (МИА) - Мачорот Брош, во сопственост на семејство од Дњепар во Украина, минал половина час во машина при перење и - преживеал. Сопствениците објаснуваат дека мачорот обично сака да спие во машината за перење, а бидејќи е сив како и внатрешноста на машината, не ја забележале кога таа била вклучена. Ова е објавено на Фејсбук-страницата на тамошната ветеринарна клиника „На рабочаја“. Според познавачите, не треба да се експериментира дома со вакво нешто. Вработените во клиниката сведочат дека при прегледот откриле дека по 30 минути вртење во машината, животното имало ниска температура и отежнато дишење во белите дробови. Очите му биле подзатворени поради пената, а устата силно му мирисала на детергент. „Ова не е прв пат да се сретнеме со ваков случај, но Брош имаше многу среќа. Не залудно се вели оти мачките имаат девет животи!“, додаваат од ветеринарната клиника. Слична приказна се случи во 2020 година во Австралија. Мачка преживеала 12 минути миење со топла вода и детергенти. Животното не било можно веднаш да се извади, бидејќи на машината ѝ биле потребни околу две минути да ја исцеди водата, да ги исцеди алиштата и да престане да мие.  си/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан